Србија пола беше настап, пола беше екстензии на коса. Иначе со најголема енергија досега и настапот ми се допадна, само мислам дека со аутфитот на црната направиле грешка, иначе скроз океј ми беа.
Сања ја знам уште од ZAA. Таков глас, ретко има на овие простори. И каква само енергија има, во живо да се слуша е посебно доживување. Ама еве и втор настап на Евровизија, слаб. Од кога почна да пее во Hurricane, стекна балканска слава, ама во Европа тешко мине Турбофолк.
Абе не сте салам… Овој се дере,оваа пафтала, на ова ќе заспијам, лелеее уши ме заболеа. Ќе замре темава после 10 дена, ко мечка у зимски сон.
А сега кој настап е? Пуштив само да видам што ќе направи Бугарија, ама не знма дали ќе издржам да не сменам канал. Едит: Композициите во најавните видеа не ве потсеќаат на серијата Шерлок?
Лампионестите светкави кич трикоа ко некој фетиш да им се годинава, секоја трета во нешто вакво стисната. Никој не ме праша, ама не сум фан на модава.
Албанија има среќа што е во ова полуфинале и покрај толку млитави песни и настапи ќе мора да влезе во финале. Добар настап морам да признаам, песната не ми се свиѓа