Да, некоординирани движења на сцена, вокалите изпод просек, па и на изглед беа лоши. Не поденсувам глупоќа, затоа и песнава не сакав да ја слушам. Како втори влегоа не ми е јасно, и нема да ми биде никогаш.
Бугарија ,Албанија,Финска мои фаворити ,Србија добар настап Португалија најдосадни Васил горди сме на тебе заслужуваше финале ♥️
Океј, да. Сценските движења беа малку meh. Искрено, ланската песна повеќе ми се допаѓаше. Ама океј е секој со свое мислење
Србија ужас. Чинам најлошо што пратиле до сега. Ми се допадна Бугарската. Беше впечатлива и поинаква. Ми се допаднаа и патичињата. Лежерно. Ние на пример, да ја пратевме таа балада, кој и да пееше ќе носеше 12 ипол слоеви фустан, и од потези ќе мафташе раце. Конечно, жена не мора да тресе гз и цицки за да биде избрана. Мои фаворити за победа воопшто, - Русија и Финска. Останатото е или млако, или некоја неуспешна проба за поинакво или "ефтино" ко во случајот со Србија.
Србија моментално води со прегледи на Youtube и лајкови на Instagram, Твитер гори со нив. Претпоставувам победник од телевоутинг вечерва, на Европа очигледно и се допаѓа.
Тоа е најтрагичниот дел. Јас разбирам и добар вајб за забава и се', ама ова нивното беше на раб на глупавост и простоќа отколку забава. Што кажува многу за општеството околу нас.
Јас мислам дека се премногу хајпани од Србите. Тие (за разлика од нас) ги поддржуваат своите претставници, дури и повеќе од што треба...
Епа многу нормално, се знае шо пали. А не ние оперски пеачи праќаме, да заспиеш на пола песна. Ајде Тамарчето беше добра и некако вервам се поклопија коцките и со самата политичка ситуација тогаш и затоа толкав буум.. Ама Васил??
Ништо не прават Србија,претпоследни ке бидат,од други причини ги гледаат не дека песнава беше за слушање.Гледам во топ фаворити по кладилнициве Италија,Малта,Франција,и не сфакам што бара Малта тука.
Многу сте строги за србинкиве, прости, вакви, такви... имаа одличен настап, можеби не им беше пеењето нај нај ама генерално гледано топ беа. За разлика од гркињата на пример што толку беше укочена и млитава што не знам како помина. Скоро сите вечерва имаа интонациски киксови, и пред два дена исто, а сте се фатиле за србинкиве ко само они да беа. Грузија на пример што не ја спомнавте, тој ни еден чист тон не фати, ЦЕЛО време беше низок, толку параше уши што беше најлош од сите што настапуваа претходниве две вечери..