По мене песната на Србија не е нешто екстра,но настапот им беше на ниво. Албанија изненади со настапот, Португалија беше многу добра, особено песната. Молдавија не ми се допадна, незнам како влегоа во финалето. Финска ме изнанади пријатно. Ќе биде интересно финалето, од се досега штл видов, Италија најмногу ми се допадна. Плус, пејачот на групата им е екста.
Песнава е прејака, плус на италијански... Fun fact На Сања од Hurricane многу и се допаднал пејачов на групата, па на едно интервју кажала дека би сакала да се омажи со него. Имала платонска љубов спрема него
Не знам стварно каква мана им најдовте на србинките, ама немаа буквално никаква. Како прави светски ѕвезди се. Песната е топ, прав хит, нешто што се бара и слуша во денешно време. Ајде, вкусови, за тоа не се расправа. Ама сценскиот настап, енергијата и убавината светски, не може да им се оспори никако.
Леле ќе скршев нешто по дома ако не ја кажеа Финска на крај човече а и публиката ако добро слушнав скандираше за нив Српската песна ни мене не ми се допаѓа, од оние што мразам дека лесно влегуваат у глава ми е, премногу исхајпана за мој вкус. Текстот циркуз и кич, настапот веќе видено, стајлингот исто. Албанката и Бугарката ми беа стопати подобри од нив меѓу соседиве, уникатни и моќни на свој начин. Грција како што спомнав можеше многу подобро со сценографијата, спотот им е прејак. Швајцарија ми се допадна и Исланд исто поразлични ко и секогаш, исто и Франција почнува да ми се допаѓа по неколку слушања.
Ги изгледав и ислушав поголем дел од песните. Мои лични фаворити се Финска и Италија. Џабе толку паѓања во несвест по Естониецот, кога пејачов од Италија е another level . Тука некаде ми е и Франција може малку подолу. Малта ми е ко Европската Лизо, некоја копија. Не е мој фаворит искрено. Србија класична српска песна, не очекував помалце. Ни ми е нешто да паднам во несвест ни пак ми е нешто многу лоша. Онака, просек. Се надевам во финале ќе бидат покоординирани. Португалија и оваа држава има добра песна, солидна. Албанија не. Многу кич за мој вкус. Грција не. Многу монотоно за мој вкус. Македонија не сум по балади. Ништо немам против Васил, само песната ми е, ништо посебно. Исланд може ќе победат. Catchy им е песната, иако реално ништо посебно. Молдова и Сан Марино исто како Малта. Ништо посебно, досадно. Хрватска исто така мех. Ништо воодушевувачко. Се надевам ќе победат моите фаворити Едит. Мата Хари е ахахахах е не можам песнава ич озбилно да ја сфатам, и онаа од Украина, премногу чудни ми се.
Само шо ја пуштив да видам шо песна е толку. Ауу Па како звучи јако на италијански. Предобра, многу ми се бендиса Изгледа само јас ја немав слушнато
Дека лоши де затоа газат надвор од форумов, батали се ова овде шо читаш, се знај шо е позадината за таквите коментари Супер е песната и имаа одличен настап, се надевам во првите пет ќе бидат.