E што е позадината да не ми се допаѓа песна на Евровизија жити сè, дај не зезајте плс Надвор од форумот и едни легенди што се Hooverphonic ги исхејтаа на инстаграм дека најлоши биле у првата вечер, а јас ги обожавам, јбг, различен вкус имам некако годинава од еуро фановиве за некои песни, тоа е Иначе @Saliii да, тоа моментите со Италијанците во бекстејџ ми се најголем хајлајт за Србинкиве, на Сања ѝ љубоморам упм, Дамиано ми е љубов најголема годинава
На песни што имаат бар ритам,оваа нема Србиве со треш музиката ви ги уништиле ушите на вас омладина,мора ве оправиме,слушнете ја италијанската песна па после французинката. Остајте ги овие тресигазови појма од пеење што немаат.
И на Италијанската збеснувам, пејачот ми е маче. Мислам и дека тие ќе тепаат, ама дајте не заебавајте и Србинкиве се топ. За да те размрдаат да се истресеш на маса у кафиќ се 10/10. Лесна песничка, заразна, не излегува од памет. Embrace your inner turbofolk значи, don't fight it И јас порано гомна јадев за вакви песни, ама ме веселат бре, буди локо локо, ехааааааа треси салото што го имам @Ugly Duckling прати кукле да видиме, ќе процениме што може да се тресе е хе хе @Celltica е сеа коа пушти водичка да си кажеш да не бидеш џубре. Ајде малце буди локо локо
Ајј, ќе видиме можеби ќе има нешто меѓу Сања и Дамиано. Се глега дека на Сања многу и се допаѓа но да бидам искрена не верувам, прочитав дека бил во врска со некоја италијанка. По мене многу се интересни Hurricane, постојано кога во бекстејџ навиваат за Италија...
Нема што да се имбрејсне, уште помалку да развесели. Како што кажа Косми, тотален треш е целиот перформанс. Хејтот на страна, реално е така. Стварно не знам како луѓе се хајпнуваат и ги понесува вакво нешто. Јас да земам да заслушам вакво нешто, или пак да пробам да танцувам, треба да сум на страшни опијати. Џаст сејинг. Просто за мене не функционира светот така.
И јас очекував повеќе, просечни беа, а самите они најавуваа дека месеци и месеци спремаат кореографија
Знаев дека ќе дојде и овој миг М... дојдов на сите да ви раскинам Пробав да ги ислушам Финска, Италија, Франција, Србија. .. бар до прв рефрен...Тешко, многу тешко Па тргнав да гледам рикап од 39 те песни, стигнав до Ирска и тука ќе застанам. Појма немам како и дали поминале, мене ми е песната топ. Иначе може Кипар да победи, не оти јас се прашувам, звучи како да ќе победи Пс. Со рикапов првпат станав свесна кој шизофрен континент е Европа, секој у свој филм и сите заникаде Ај сеа скар Ппс. Фала на забавата
Прејаки! Бомбс! Десет наши пеачки да споиме нема да искочи ни една приближно добра како некоја од нив. Зборам за физикус, вокално најјака е секако Сања. Ова е песна за еуросонг, тотално глуп текст (за нас шо го разбираме), али певлива и динамична. Ми се свиѓа и Кипар, ме заболе дали е копија на некоја друга песна или не. Девојката е исто пресекси и песната е интересна. Другите ги неам слушнато, Васил ич не го коментирам, уживајте у вечерта, Локо лоооокооо оооо о о о о у
Добро аман не се тресете на локо локо, еве јас ќе си ги тресам цицките и топ ќе си пројдам како и на секоја друга песна од овој калибар Ај чао одам да си ја собирам вилицата уште еднаш од тоа колку изгазија вечерва.
Ја пропуштив забавата вечерва во темава, нема шанси да успеам да прочитам 20 страници Само три настапи ми беа најдобри и сите влегоа во финале. Финска - мислам дека не се потребни зборови. Бугарија - сакам вакви песни, а и многу ме потсеќа на Били. На моменти гласот и е ист како нејзиниот. Исланд - колку и да беа "чудни" има нешто што ме привлече во песната и настапот. Толку беа искулирани и необични, да ти е мерак да ги гледаш. Сакам песни кои се различни од евровизискиот шаблон, некоја нова енергија и нова мелодија. Тука би ја спомнала и Португалија, дефинитивно не се гледа често таков настап. Од другите соседи само Србија се истакна, колку и да не ми се допаѓа таква музика факт е дека направија добра атмосфера. Песната ќе биде летен хит за по дискотеки (ако се отворат де ). Интересно финале ќе имаме
Реално, иако лабава песничка со лабав текст, Hurricane беа добри. Заслужено си влегоа во финале. Ама беа само добри, не знам зошто е целава фама.. мислам дека во финале нема да се пласираат високо и целиот балкански менталитет на Србите ќе и излезе на виделина.. Очекуваат победа.. Важи
И јас и јас Вао колку хејт човече Мене хајде буди локо лооокоооо не ми излегува од глава, настапот ми беше пресреќен, а девојките се најпозитивното нешто што го имам видено во последно време А не фејк како нашиот