Лелеее Малта шеста.. Ќе ми ја упропастат победничката со овој редослед. Албанија RIP. Сан Марино ќе лапа гласови.
Не. Само треба да се овозможи јавноста да бира песна и изведувач на транспарентен начин, а не како последниот пат кога имаше контроверзии со СИМ картичките. Секоја афирмација во Европа е добредојдена, па колку и да е мала.
Се согласувам. Иако и тогаш не очекувам успех, пошто гарант ќе се избере лоша песна од публиката, барем ќе знаеме кого да обвинуваме. Вака веќе не ја бива
Се надевам дека следната година ќе избереме подобра песна. Оваа година мислам дека имавме голем потенцијал, но за наша несреќа имаше огромна конкуренција.
@staycalm @Mr. Scratch можда е глупо прашањево ама каква врска има позицијата? Нели се гласа откако ќе завршат сите. п.с. Не те познав со новиот аватар @staycalm
Има логика да. Најмногу за песните кои не се фаворити. Ако беше Италија меѓу првите не вервам дека ќе имаше некаква разлика во гласовите
А зошто па да се очекува успех? Мора ли на победа да одиме? Доволно е да се дружиме, овај, учествуваме де. Ги отепав Манескин вечерва. Цела дискографија им ја ислушав. Уффф. Јак бенд. Јаки песни. Гласов на пејачов, rough, кине!!! Кој инаку тресе цицки на рок, обавезно да ги преслуша. Оваа највеќе ми влезе во уво: И оваа топ е.
Првите настапи ги гледаат помалце луѓе и повеќе се забораваат. Збориме за обичен гласач на Евровизија. Статистички гледано победникот најчесто е еден од последните десет настапувачи. Нормално има исклучоци некогаш. (Шведска 2010, Турција 2003..) Исто така влијае меѓу кои држави ќе бидеш. Шведска не е многу јака годинава а е ставена измеѓу подобрите uptempo песни. Тоа што е претпоследна не помага ради конкуренцијата. Многу е важно и како ќе се мешаат жанрови. Малта и Русија се една по друга, меѓу првите, со феминистичка порака, брзи песни Од 2 место многу песни завршиле меѓу последните во финалето, а од 2 место во полуфинале многу не влегле во финале..
Ова ми е нелогично. Би требало баш првите настапи да бидат повеќе гледани ако земеме у обзир дека тогаш е најисхајпан просечниот гледач ( барем у мојот случај). А за ова дека ќе се заборават нема врска, ако е топ песна и добар сценски настап ќе остаи впечаток дали е прва или последна.
Се разбудив и одма ми се завртеа Србија и Италија, сега цел ден ќе ми се вртат. Ама каков спој на жанрови е.
Ги ислушав сите песни и мој единствен фаворит е Мата Хари! Целосно ме обзеде, појак рефрен немав чуено одамна, мислам на музиката, а комплетно песната е испеана прекул, пејачката има многу интересна интонација и изговор (и најјако презиме за впечаток ) Вчера на ТВ слушнав коментар дека текстот бил глуп, лол, што повеќе говори за оној кој тоа го кажа. Во Холандија се пее за холандската шпионка и нема ништо глупаво тука, баш е досетливо. Оти Мата Хари и не е првата асоцијација за земјата, а сепак е многу позната. Иначе тоа што прашувавте зошто изведувачите кои се појавуваат кон крај на натпреварувачкиот дел имаат поголеми шанси за победа. Епа многу од гледачите подоцна се вклучуваат, затоа последните настапи вечерта остваруваат повисок рејтинг. Таа е логиката.
Аааааа хахахахаха вицов. Ох ти сериозен си. Дали истите 3 девојки ги гледавме?! Изгледаа ко 5 до 12 да им текнала кореографијата. Толку беа раштимани и не синхронизирани. Гледав super bowl претходно, тоа е синхронизирано денсање на песни и песни последователно. Овие на една не можеа. Ќе да американците имаат далеку повисоки критериуми и стандарди за сценски настап од европјаните. Друго објаснување немам. Текстот од песната па. Спотот требало да го снимаат на плоштад во Скопје околу спомениците, да си одговара. Турбофолк at its finest. Италијанската песна ми е крајно симпатична, ама не можам да ја сакам. Kо да ги варам Il Volo се осеќам.
Ох боже, Като мори сега веќе не се тресат цицки, сега газови се тресат кој бумер си Јас ваква музика не слушам и така, не знам како сега треба да бидам фасцинирана :/ Башка колкави усти имаа, ми беше малце страв Мислам и јас Италија ќе победи. Франција уште не сум ја слушнала, ќе чекам финале. Од сите песни, на Hooverphonic најмногу ми лежи, ама знам дека Европа нема да ја избере. Па кога веќе бираме, нека иде Украина. Украина ми е како на свадбите, прво играат старите, може да се сврти некое оро, и после убрзува и излагаат младите и се трескаат Мене ми се тотално кул украинците, и пејачката е стварно кул