@KateKane, мене ми се допаднаа, се надевам ми прости за минатите изјави. Иначе, Кипар досега најмногу ми се допадна песната, настапот е океј, ама некако мрзлив. Не верувам дека ќе се искачат високо. Фаворит, па соседиве, со исклучок на Албанија. Премногу ја хајпнавте тука и имав огромни очекувања.
Ние што немаме газ, цицки ќе си тресеме. Кој што има нека тресе, битно е да се тресе Иначе за Ховерфоник бев лани превозбудена, ама откако не учествуваа во ланската изведба на love shine a light и даваа пренапувани одговори толку ми се одмилија што не можам да го поднесам годинава. Сите учесници учествуваа освен господата пошто тие не ја сакале песната и не се согласиле на старт дека мораат да пеат. Мрш, не морате Иначе ако треба да давам гласови, 12ката Италија, 10ката цицкотрес, 8 сељо, 7 Русија, па Сан Марино. Надолу веќе не ми менува. Сељо е електрофолк, прејако ми е тоа значи А за Сан Марино сум превозбудена затоа што направија дешавка, кај се утепани со пеачи Фло Рајда си дојде и партал направија бе
Сум заспала. Нејсе, од соседите Албанија најдобра. Не знам што толку ви остави впечаток Србија, кога не беа ништо посебно на вокал, на сцена, на текст. Албанија може беше во светкаво, за среќа ефектите го достигнаа нивото, плус делуваше природно..едноставно има многу голема предност.
Не гледав вчера па еве сега ги прегледувам песните. Сан Марино сосема коректно. Можам да кажам дека ми се допадна. Естонија фино ама ништо посебно. Австрија слично како Естонија. Можеби за нијанса подобра. Исланд интересно. Само толку. Стигнав до фамозната Србија. Песната ја знаев од претходно, на журки се пушта и ќе се пушта тоа е сигурно. Ама како настап за евровизија не сум воодушевена. Албанија не беше лоша. Бугарија нешто поразлично. Фино, лежарно. Ама не мислам дека можат до победа. Сеуште не можам да прежалам како не победија во 2017 со Beautiful Mess. Финска супер иако песната не е во мој стил. Никаков посебен коментар за останатите. За тежината на двете полуфинални емисии, што знам, мене ми беа онака, тука некаде. Немам сеуште фаворит оваа година. Ќе ги преслушам и директните финалисти, да видиме дали нешто ќе ми се допадне ептен.
Опасни стручни критики прочитав овде . Не знам зошто очекувате публиката да биде во улога на стручно жири кога веќе си постои и такво. Немало квалитет во ова, немало квалитет во она. Затоа има поени од стручно жири и од публика. Како дел од публиката сакам песни кои се весели, енергичен настап и интересен ритам или пак моќна балада. Нешто што ќе ми остави впечаток. Србинкиве беа барем првото, не за џабе се скоро 2 милиони прегледи на јутуб од синоќа. Азербејџан, Хрватска исто интересни. Другите 90% беа опасно млитави и досадни.
Да бе Србија не беше добра а ние па беме многу добри...... ај што сме една брука и срамота и не влеговме ни во финале па ке коментираме за други земји абеее просто македонче тоа е
@Biljarkata Конопелечки. Еве текст на инглиш. Sowing, sowing, sowing, sowing hemp plants, Sowing, sowing, sowing, sowing green ones. Едит за значењето: https://wiwibloggs.com/2021/04/12/lyrics-shum-go-a-ukraine-eurovision-2021/263926/
Сію-вію, сію-вію конопелечки Сію-вію, сію-вію зеленесеньки Sowing, sowing, sowing, sowing hemp plants, Sowing, sowing, sowing, sowing green ones За алишта бе коноп, за јажиња, за... не знам што прават сега, може имаат бизнис таму во Украина со коноп, може развиена таа индустрија..
Морав да ја преслушам песната на Србија, ама не бе, не можам да ги гледам колку ми се нехармонични целите, ептен ме нервираат. @KateKane