Шо да му праам на малиов еден дијазепам да му фукнам туку зошто Марија Шерифовиќ беше на маса со србинкиве?
За втората половина. Очекувани за во финале ми беа Сан Марино, Естонија, Финска, Австрија. Две погодив овојпат. Ќе ми беше криво Финска да не влезеше во финале, ми беше фаворит меѓу овие 17. Песнава од Србија преценета, ништо посебно не е. Бугарија изненадија со ваков тип на песна, а и ретко се гледа Бугарка со ваков стил (ги знаеме како изгледаат), ми се допаѓа, настапот исто, но песната не ми беше тоа тоа. Швајцарија гледам истиот претставник од лани, ланската песна на Швајцарија ми беше најдобрата таа година, оваа не ми се допаѓа. А дефинитивно Белгија ми е фаворит иако знам дека нема шанси да победи. Белгија и Финска ме освоија оваа година. Од оние што одат директно во финале ниедна не ми се допаѓа. Али Италија еве може да се издвои како подобра. Кој би можел да победи, немам идеја. Гледам на обложувалници Италија е прва па следуваат Франција и Малта, ниедна од нив не ми прави ќеф. Финалето нема да го гледам, само резултатот ќе го ѕирнам.
Ги прочитав скоро сите мислења во глобала со повеќето се сложувам, дефинитивно фаворити Финска, Франција, Италија и Украина и мислам дека еден од нив ќе победи, пошто стварно се уникатни дајте бе луѓе ова со србинкиве е веч видено секоја година, толку млади подуени во фацине, песната ништо посебно, жално ќе е ако се во топ5
Ги слушнав и песните кои се директно во финале. Холандија, Германија и Велика Британија не ми се допаѓаат. Шпанија секогаш со некое љубовно песниче, и секогаш завршуваат некаде во последните. И оваа година ќе биде исто, иако песната и не е така лоша. Франција океј е. Ама не ми е победничка. Италија ми се допаѓа. Јазикот ми е ептен секси. Ама исто како Финска, не е мој стил и не можам да ги сметам за мои фаворити. Некако оваа година ми е се едно па исто. 50% од учесниците одат на финта брза песна и убава женска (читај гола). А јас сепак сум повеќе по баладите. Ќе ја издвојам Шведска и кон Бугарија сум пристрасна. Не очекувам ниту една од нив да победи, ама ете да имам и јас за кого да навивам.
Мене реално девојкиве од Србија не ми беа ништо посебно...Никаква омраза кон нив или слично, ама песнава им беше катастрофа. Не знам дали е тоа така затоа што веќе ја имам слушнато или едноставно многу проста песна, без никаков текст. А девојките на сцена беа фантастични, од игањето па се до стајлингот.
А ја слатки сам фина ке развалат во финале ала Бијонсе ми се. А за помалку од 24 часа на јутјуб имаат 2.6 милиони прегледи и коментари само позитивни.
Тела гледаат луѓето и нозе во високи чизми... Тоа што не им се разбира што пеат е друга работа... Нашиов...немам коментар.Каде со таква песна,каде?
Србија воопшто не е my cup of tea, вокални квалитети има само црнката, другиве две се само естетски, кореографски привезок. Но, неверојатната енергија, огнена динамика и сценска харизма што ја поседуваат морам да признам дека не ме оставаат рамнодушна и покрај тоа што имам некои сосема други критериуми што претставува квалитетна песна. Србиве по не знам кој пат докажуваат дека се една од неколкуте земји што совршено ја разбираат Евровизија, без разлика дали станува збор за балада (Марија, Жељко) или вакви лајт хитчиња. Мои фаворити се 1. Франција, 2. Швајцарија и 3. Бугарија, ама нема ич да сум изненадена ако Србинкиве се искачат меѓу првите три, едноставно песната и сценската изведба ги исполнуваат сите можни евровизиски критериуми за успех и популарност меѓу публиката. П.С. Вчерашниот нивен настап веќе има веќе 3 милиони прегледи, Бугарија, еден од најголемите фаворити нема ни 500.000. П.П.С. Сега дури приметив дека аранжманот на песнава (како и 2019 за Невена) е на Дарко Димитров.
Милионски прегледи имаат на песните, колку за информација. На последната песна за 1 недела имаат над пола милион прегледи, што значи дека се популарни. А и кога веќе не можеме со овој тип на музика да извадиме добар пласман, барем да смениме нешто.
Па и локо кроко не дека некој глас извадија Иначе ние најдобро да си пратиме некои ко Исланд лабави, и онака за шетање идат нашиве само.