Не зезај, Сања пее и те како. Па и Ксенија не е лоша. Ама на тоа трчање, не можат да бидат перфектни. Сите што ги имаме испратено ние се добри, одлични вокали, само што во МРТ константно им утнуваат нешто. Јана Бурческа од потенцијален топ 10 во финале ја однесоа на 15то во сф, нормално ради стејџингот. Лост енд фаунд исто беше супер песниче, ама победивме Барбара Декс награда . Жими Тамара и Калиопи што беа целосен комплет, другите нах.
На евровизија очигледно се бара или нешто што пука во правата смисла на зборот, или нешто сосема необично. Не знам зошто само со некои класика песни одиме. Како не излезе некој рок бенд да растури.
Уште тагувам за пропуштениот потенцијал со Јана, жими се... Според мене најдобра песна (студиска верзија) што пративме на Евровизија беше тоа.
Чекај да остане пак трудна, па ќе ја пратиме пак таму да не резили. Мизерија бевме тогаш, сите ни се смееа.
Фала Богу дојде Тамара на ред за да види МРТ дека има нешто што се вика стејџ директор. Да ја имаа Тине (или Диетман) и за Јана, ќе бевме топ 10 сигурно.
Абе остана пак по втор пат трудна и роди така да ништо од тоа мада не му знаеш Моментот на евровизија убила ме туџа срамота
Украинската песна ми звучеше подобро со стариот текст, сега не ми е тоа тоа. Интересна ми беше првите 2 слушања, веќе ми здосади. Ништо оригинално и нечуено на Евровизија, ме потсети на Бугарија 2007:
Рап на Евровизија секоја година сѐ помалку и помалку има. Веројатно бидејќи рап артисти ретко влегуваат во финале. Вистина е дека Два Бона се проширија на балканов и дека би имале гласови од соседите, ама не мислам дека е период за да пратиме рап на Евровизија. Верувам дека најубаво би поминале со некој инди-алтернатив артист/група. Не слушам македонска музика, ама досега што имам чуено, мислам дека тој жанр највеќе ни лежи, плус со јазикот ептен ни се поклопува истиот(доколку се пее на македонски). Ако и догодина планираат со некоја невпечатлива поп песна ко ланската да пробуваат, подобро ич нека не се трудиме.