Толку сум неупатен во нашава музичка „сцена“ што веќе не знам ни кој вади песни... Кого би пратиле не знам?
Јас имам едно прашање, пробал ли некој што користи Телекабел како мобилен оператор да гласа на Евровизија? Изгледа моите пораки воопшто не се пратиле во првото полуфинале, сега гледам не ги дава во онлајн сметката
Најсериозен Реално поќе ми е раштиман муабетов твој од колку "грешките" во кореографијата, исто така и други имаа по некој кикс во самата кореографија не беше никаков проблем и пак влегоа и тие во финале и никој не крена толку голема фама, ама јбг не се битни тие зошто овие да влезат, а? И да јас ги гледав овие три девојки кои со добра песна, сценски и впечатлив настап влегоа во финале, а ти не знам кај си гледала, шо си гледала, и кој тоа ти денсал Грмат и прегледите...
Во обложувалница Моцарт има обложување за финалето на евровизија Има квота за тоа која балканска држава ќе освои највисок пласман , Србија/Грција/Бугарија/Албанија , што мислите иако според коефициентот Србија е најголем хит а Албанија со највисок коефициент што значи дека нема многу што се обложуваат на неа. Мислите Албанија има шанси од балканов да се издвои како најдобра?
Србија го промашиле шоуто, за ѕвезде Гранда се спремиле,ја посељачија Евровизија. Бугарија. На сите светски кладилници моментално е околу 7 место. Србија,нормално околу 18-20.место.
Јас мислам дека Македонија не влегува во финале или ретко поради ординарниот стил и пеење на кандидатите, треба да си поразличен бе да се покажеш таму цел свет да те запомне, како Руслана или Марија Шерифович, Кончита тоа ти е таа светска музичка елита а не Тамара со нејзините глупи мимики, или овој Васил, тотално досани луѓе кои се забораваат за два дена. Видете ја Србија луѓе, девојките стварно се ураган, тоа ти е 21 век. Само а Калиопи песната се пее и ден денес.
Не бре, какви два бона Европа нејќе некои дечки кои презентираат музика во која има објектификација на жените и презентирање бело, зелено, мислам тоа ке биде се цензура ако пеат они, јас мислам пак да си ја пратеме Калиопи со некоја песна која ке грме, го има она тај гламур и харизма за Европа.
Европа не мисли така. Фрчат позитивни критики од сите страни. Девојките приредија стварно ураган на сцената. Негативни коментари само тука читам, комплекси ли се што ли се кој знае . А што се одушевувате толку на бугарската песна, па со опроштење како за на парастас е.
Која црна Европа мисли така. Само кај нас на Балканов се дел воодушевени од србинката,обично оние кои слушаат турбо фолк ,чајкуши и таква треш музика. Моментално се на 18 место. Важно србиве влегоа во филм дека ќе победат со Локо локо или како е песмуљкава. Бугарката има емоција во пеењето, излезе испеа и фала многу пријатно. 7 е моментално.
Е ако овие ја посељачија Евровизија не знам што да речам за митре ле или еве Лорди, на што личеше тоа? Кончита? Одамна поминало времето на добра песна, ама баш добра песна и само песна, без кореографии, соблекување и триста ланци и тракатанци. Девојките имаат енергија и многу добро ја покажаа, на тоа играње и да имаат фалш обичниот гледач нема да забележи. А цело време се движат на сцена, за тоа играње и пеење богами треба кондиција. И колку што ние хејтаме, Србиве дупло поддржуваат претставник.
Бебе бебе бебе чему драма... Е добро де и девојкиве дојдоа издоминираа, ја запалија сцената и фала многу пријатно. Ја засенија и бугарката и сите натпреварувачи таа вечер.
Исто мислам, не ми се уклучува фб од фалење колку добри биле Србинките, се знае Македончето што музика слуша .
Искрено не верував дека до толку се слушало кај нас ваква музика. Па ова србите со тој шунд ептен кај нас имале влијание
Дискотеките полни се кога пее Жаре Бербер или некој од српскиве пеачи, кога има рок бенд, некој Dj да пушта странска музика, празна е дискотеката кај нас дека помал град .
Не гледам Евровизија одамна, не сум во тек. Вчера ја гледав на ТВ српскава песна, се забележува дека е многу паметно осмислена, типична евровизиска тралалајка, со згодни женски кои се расфрлаат на сцена. И покрај тоа што апсолутно мене не ми се допаѓа, високо ќе котираат, зависно од конкуренцијата - ако ја имаат. Ме чуди, кај се изгуби Васил, нигде го нема да каже нешто. Испари наеднаш, како не учествувал воопшто или јас не сум го фатила кога бил на ТВ ?
Па не би рекол за овие што ги спомнав дека се дел од музичката сцена. Ептен андерграунд, со по 10 илјади вјус максимум на јт. Ама навистина не звучат лошо, ако најдам нешто, ќе постирам. Иначе, србинкиве стварно не мислам дека го заслужуваат хејтов. Дека песната има три збора, има, ама па не е ни толку сељачко ко што го опишувате. Плус, девојкиве се многу кул, од тоа што имам гледано по интервјуа. Песната им е буквално од ист калибар на Елени пред некоја година, која им се допаѓаше на поголемиот дел.