Италија почна да ми се допаѓа. Баш. Многу. На прво слушање ми беше као ок, добра е, се издвојува, влегува во уво, ќе привлече внимание. И ја преслушав уште еднаш. Па уште еднаш. Па не знам уште колку пати ја ислушав оти не можев да запрам. Годинава сепак испадна да си има добри песни, не е толку досадна како што очекував. Ама пак, ми се чини ќе победи песна што не ми се допаѓа. Се надевам грешам. xD Португалија и Израел може да изненадат. Србија не ја гледам погоре од 7 место. Девојките од Азербејџан ми се каде каде подобри. Песната, оган. За 2Бона муабетот, се надевам се шегувате.
Во мој круг сите што ја хејтаат српскава пошто била турбофолк креваат мишки на наговори од Цеца в меана.
За да не го пишувам истото те цитирав Еве да направиме споредба со Кипар, песните се премногу слични а и настапите. Певливи песни со две три латино фрази на repeat, згодни девојки, малку светки, реси и кореографии. Ама, целиот настап на Кипар ми беше некако млитав, без енергија, за разлика од Србинкиве кои ја запалија сцената. И на публиката и се свиѓаше по реакциите во салата. Стварно не знам зошто толкава омраза и навреди кога на секоја евровизија има по барем две три песни од таков тип. Добро е што не се наши претставнички, полошо од Васил ќе поминеа со хејтов
Девојките се кул да, ама песната е млитава. Catchy ама млитава. Како и да е, не знам зошто во мој reply пиша, јас не пишав нешто многу лошо за нив освен дека нема да победат - иако србите мислат дека ќе победат Негде 13-15 место ќе земат А Елени ми беше полоша од нив искрено. Не заслужуваше нит да победи нит топ 3. Од Hurricane барем Сања знае да пее одлично, за разлика од Елени која што продаваше само сексапил и играње.
Де бре, не може човек мислење да си каже. Па и за хрватицата се збореше овде дека не знае да игра, па не видов да рипате како тоа такво мислење смеело да се има Не ми се допаѓа песната, не слушам таква музика, и не..искрено не гледам дека нешто на Европа и се допаѓа (особено па на јутјуб, све што видов во коментари беа балканци) Чил...треба да е забавно, не се фрустрирајте толку Како што реков претходно, ние немаме проблем со изведувачи, туку со песни. Кој и да иде, нека има бар глас, а за песна предлагам еве да ја избере публиката, како порано што имаше. Така бар народов овде ќе си ја сака, не знам зошто толку да се трудиме на Европа да и се допаднеме. Пушти таму што слуша публикава, не знам...Километри на Лозано ли, поима немам што е популарно овде. Ене ја Викторија Лоба рибка е, дајте и певливо песниче, нека биде летен хит у МК, барем нема да ја пречекаат овде со ножеви ако не се квалификува, ќе ни биде Европа крива
Ајде ајде потајно ти се подигрува и подпевнува на песната знам . А и ти се свиѓаат само не сакаш да признаеш .
Цела почетна на Фб со овие ми е. На секој втор пост. Ќе ги видам утре баш овие што се силат сега, укакани.
Нас уствари потајно ни се свиѓа, ама толку потајно што ни ствара одбивност. Како рече @Celltica турбофолкофоб. Не ни работи чипот изгледа, сори
Затоа и успеваат на Евровизија. Масовно се поддржуваат, не видов ни еден Србин да ги хејта. Исто како нас
Исто, првпат кога ја слушнав не ми беше ништо посебно. Но вчера решив да си ја пуштам пак, и од тогаш не престанав да ја слушам песната. Сега ми е број еден фаворит.