Јас навивам за Азербејџан, но не мислам дека ќе победи. По 31 година, Евровизија се враќа во Италија.
Ааа на нашите мислев што сме ги праќале Иначе Французинката не ја сакам многу зашто ја споредуваат со Едит Пјаф, некако не ми иде, а италијаните не можам да ги мразам, солди ми е непребол и сега мора да победат софт спот, плус многу е убав овој пејачов, едноставно и да сакам не можам Едит: Гледаш само јас си ги сакам овие сите што ги хејтаат, Исланд Се обратно
Мене настапот на Србија ми беше океј. Очекував подобро во пеење и поубаво да бидат усогласени, ама во глобала ми беше океј. Прочитав поредба со Елени од Кипар тука. Според мене Елени беше подобра и подоминантна, јас не би да ги споредам. Мило ми е шо србите ги поддржуваат, не хејтаат за нивните претставници, како нас. Кај нас кој и да го пратат не чини, одма се меша политика, како и во се. Некни кога читав на јутјуб коментари од настапот на Васил од македонци, ужас. Од далеку се гледа колку сме прости.
Ја нејќиме, готово! Немаме наш да хејтаме, зато соседите. И јас мислам Италија ќе победи, шо ми одговара иако не би ми била прв избор. Украина и Русија, сакам чудни песни.
Така е, не знам што очекуваме од другите кога сами не се подржуваме Исто беше и со Тамара иако постигна 7-8 место и тогаш имаше луѓе кои пишуваа погрди коментари за неа... За Србите оваа година неутрална сум, не сакам да хејтам ама па и не ми се допаднаа нешто...
Мислиш во 2019? Па нормално дека нема да дадат поен кога беше никаква песната... Добро, можеше ете нешто малку ама сега тоа е, треба квалитет да се гледа а не соседство и политика. Ни имаат простено, чим вакцини ни дадоа. Баш ќе ми биде мило 12ката од Мкд да не отиде за Србија, туку да речеме за Италија, Украина... за Финска или Белгија сигурно нема. Ама за Србија ќе биде сигурно.
@staycalm, за тебе е само првиот пасус од мојот пост. @kravce, океј е да не ти се свиѓа ни песната, ни стилот, ни настапот и тоа да си го кажеш јавно. И јас пишав дека ту мач екстензии на коса имаше во настапот и дека можеби подобро ќе изгледаа со некои поедноставни аутфити. Ама да бидеме реални, коментарите за Србија не се рамнат со тие за Хрватска. Тука имаше некој пишано дека на трансџендери личат девојките, на твитер гледам правеле скриншоти од настапот и ги зумирале во фаца, демек какви биле од операции. Ко, ако немаш некој зафат на лице, додека играш и пееш, flawless ќе изгледаш. Иначе за прегледите се сложувам, многу се поголеми шансите балканска песна да има поголеми прегледи на јт, отколку некоја друга. Само на балканов музика се слуша од јт. Еве баш сега проверив, Ел Диабло има 4 милиони стримови на Спотифај, Локо Локо нешто помалку од пола милион, така да тоа што имаат прегледи, ништо не значи. Иначе, некој да ми објасни за што се пее во песната на Франција? Мене вака не ми е ништо посебно.
Абе види, во ред или не, луѓето ќе коментираат. И не само тука на форумот или тука во Македонија. Баш ги гледав тие Норвежаните сите што ги рендаат, сомнителна српска естетика викаа дека имале, многу уста имале, многу коса итн итн. Сакам да кажам, верувам дека они ако се решиле да одат таму, супер се забавуваат и не им е многу многу гајле што зборуваат другите, барем така треба да е ако се бавиш со јавна професија. А тука на форумот и меѓу членови сме виделе полошо За мене лично стварно сѐ беше кич и претерано. Од песна, до настап, до изглед. Текстот не го ни разбрав, прво се мачев да видам на кој јазик пејат. ОК е да ти се свиѓа, ама не може на сите да ни се свиѓа, ете дури ни потајно замислете
Хајпот го разбирам за Србија, многу луѓе на нашите простори слушаат турбофолк и нормално е да им се допаѓа песната. Мене лично, не ми се допадна. Ниту текстот, ниту мелодијата. Едноставно енергијата океј им беше, не беа здрвени како некои други претставници. За победничка песна, според мене не е. Потајно се надевам ќе изненадат оваа година и ќе победи Финска или евентуално Италија. Малку промена од баладите или денц песни.
@Ketchup па мислам не е хејтот стриктно кон нив, туку кон све што претставуваат. Лоша музика, пластични операции, све изгледа...натрупано да речеме. Производот на турбофолк. И за Васил се збореше се и сешто, па гледам многу луѓево се напрегнаа да го бранат. Не го бранат, си го бранат вкусот, а вкусот им е турбофолкот. Тоа е целата работа. И е жално што пејачки со квалитет пребегнуваат кон вакво (за мене) срање, само за да бидат приметени на балканов. Ама тоа веќе други пошироки теми А сега на ваков убав ден, жално е да збориме веќе за певаљкиве...едноставно..пуштете си ја Сељо луѓе и опуштете се
Мислам дека треба да го направат гласањето бесплатно, и онака околу 100 000 евра се плаќа учество на Евровизија.
Луѓе мене ми текна дека и полошо имаше од Србија А си викам ок песни имаа, не wow, ама културни досега и ми светна на оној плавиот Љубице Љубице нешто пееше, леле мајко мила
Ја слушнав песната на Србија пошто досадна сабота и досадно е на форумот. Бијонсиве што се вештачки -се, ама не е апла турбофолк туку вас така ви се чини пошто на српски пеат, на шпански да беше друго ќе зборевте. Англиската верзија пример малку поинаку звучи. Се прилепиле на трендот, има нешто од поп музиката од 2020, нешто од Деспасито и слични, нешто типично евровизиско и сосем малку турбофолк елемент. Малку шоу, малку сексипил и тоа е тоа. За срање ко Евровизија доста е. Да не треба оперски пеач да пратат што ќе умира на сцена од драматизирање? Упс. Чекд, Македонија.
И јас ги сакам, многу ми се dorky . Инаку, го истражив малце бендот и некако испаѓа дека всушност не се бенд, не знам што бараат овие другите што не пејат, можеби како некое хорче . @Ketchup, еве овде има превод.