Уште тука на форумов сe припотресувате од србинкиве Ко ќе видиш кои ликови се и шо пишат и со самото тоа шо влечат паралела Србија - Бугарија одма треба да ти стане јасно дека комплекси и политика се во прашање, не е проблем песната. Тука буквално е онаа народната: "Караванот си врви, кучињата си лаат"
Ни јас не слушам таква музика, ама секогаш Србија поддржувам. За мене се нај нај, што и да пратат. Тоа е едноставно посилно чувство. И сметам дека секој своја земја треба да бодри, посебно додека натпреварот уште не е завршен. Тоа му дава мотивција на оној што се натпреварува. А не утепај го в поим па прати го. После го критикувај ако сакаш колку сакаш Пред некој ден на една српска инста страна ставиле слика од една од Хурикејн грлс каква беше пред и потоа операција. Го распнаа авторот, како сега пред евровизија вакви постови, вака онака што ми е мене сосема ок. И да, мислам дека најголем проблем е што е српска, да е за друга земја или да е на друг јазик истата песна немаше да има вакви коментари.
Разбирам критики за настапот и песната, ама што му смета на некого што се "пластични" стварно не знам
Локо локо ја споредувате со турбо? Немојте ве молам баш звуче како летен хит во стилот на деспасито пример, турбо е Цеца да дојде на сцена или Драгана Миркович, Сања Вучич е светски лик, слушнете каков глас..
Ајде сега и намерно да не збориме, не е воопшто сељачка песната на ураганкиве. Можеби текстот е безвезе три збора се повторуваат, ама за да се направи една добра атмосфера, баш евровизиска, одлична е. Но сепак на врвот ми се Манескин, ако не победат не знам што да речам, еве ви кажувам повеќе евровизија не гледам никогаш.
Следно очекувам и психолошка анализа за луѓето на кои не им се допаѓа локо кроко. Иначе си сакам српско, не ме распнувајте.
Да ги оставиме настрана србинките,крш е песната,а и певаљките,невкусно, од жири нема да имаат бодови . За победник место да збориме ние со нив губиме дискусија. Главни фаворити за победа се Италија, Франција,Малта,но опасно се поткачува Украина.
Леле ако победи Украина, сериозно не знам... може да биде високо со телевоутинг, ама мислам дека жирито ќе ја "уништи", за среќа А Малта е веч виџена победа, Израел 2018. Мислам дека е меѓу Италија и Франција, нешто поголема предност и шанса за победа давам на Италија.
Ако победи Франција ќе бидам исто толку разочарана како коа победи оној од Португалија пред некоја година
што имаш ти против садење коноп на пролет, а?! Украина ми е нешто како...што знам, Џајковски можеби, и он меша етно во миксовите. Не сум многу запознаена со електро културата, ако кажам ќе испаднам само мутава А Швајцарија нели имаат и тие нешто шанси високо да бидат, или настапот ги уништи Патем не ја спомнувам, ама мене и Русија доста ми се сфиѓа. Особено сцената кога пеат еден куп жени и ониештосеосеќааткакожени
И јас мислам меѓу Италија и Франција е победникот но имаа добри песни и порано посебно италијанците и никако да победат. А од друга страна Украина се зелени оди нагоре во прогнозите. Или можеби Швајцарија. Ако некој изненади ќе бидат овие. Малта не верувам.
Ќе победи Бугарија. Аку победи Италија, не гледам веќе Евровизија. Барем Ирама да го пратеа.. Тогаш со цело срце ќе навивав за нив.
Многу многу убава е и на Ирама песната од Санремо, ама мислам дека овие се Евровизиски поефективни, повпечатливи. Мене двете ми се многу убави, ако се сосема различни. А од Санремо Андромеда од Елоди ми е непребол за 2020