Глупости. Етно елемент не е турбофолк. Јас не сакам турбофолк па ми се допаѓа Азербејџан, типична евровизиска, ќе оствари висок пласман.
Рефренот на Азербејџан ми е скроз кафанска музика, ама од оние забутаните мали кафанчиња за средовечни мажи со пивски стомаци .
Очекував оро да свртат ко се фатија во круг, за по 5 секунди да се смени ритамот ...мислев headbang ќе прават. Вакви спојки само на Евровизија.
Има разлика од национален звук и поп со фолк. И Сертаб имаше на национална музика како основа па преубаво звучеше.
Мене па баш ми се допаѓа кога ќе слушнам етно елемент во песните п.с. Од кај ми е толку позната песнава на Норвешка, да не ја вртеле на радио кај нас многу?