1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2022

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 23 мај 2021.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.446
    Допаѓања:
    38.911
    Пол:
    Машки
    После вечерашната победа на Италија со Zitti e Buoni изведена од Måneskin, Евровизија следната година ќе биде во Италија!!!

    This is a developing story, more details to come soon :D

    Победничката песна дами и господа:

     
    На mal.ecka, Traveler91, _beautyy_ и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.349
    Допаѓања:
    77.675
    Пол:
    Женски
    Муабетов е начнат во другата тема ама јас овде ќе пишам оти станува збор за Евровизија 2022.
    Ми се чини пак ќе учествува Македонија, не се откажуваат никако. Дури и Ѓоко Таневски го пратија.
    Со сценските настапи лошо стоиме. Јана Бурческа имаше убава песна, се надевав на неа, ама млитав настап, никаква енергија не покажа. Еye cue исто, слабо, па дури и Next time кога беа, рокери, требаше да грми тоа сцената, ама не. Тамара ајде имаше моќна балада па стоењето во место беше оправдано.
    Џабе, немаме доволно квалитетен изведувач што може да се покаже во топ светло на евровизиската сцена. Изведувач кој ќе освои, не само песната да е добра, туку добро да се презентира. Не само од Македонија, имаше и од други држави убави песни уништени со лош настап. Белорусија од 2018 година беше топ песна ама на сцена катастрофа испадна.
    И мислам нема пак да победи рок песна, не се сеќавам да победиле рок песни две години по ред. Не дека има правило тука, што знам, ама се менуваат, може балада да е, може некоја певлива поп песна или сосема поинакво нешто, џез ако пратат. xD
    Најозбилно, поарно некој бенд да пратиме од овие помалку познативе по клубови што прават свирки отколку Роберт Билбилов или Днк што беа спомнати во другата тема.
     
    На @ceci11, fast_and_curious, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам ‎Литл ‎Биг ‎да настапуваат ‎за‎ ‎Русија. ‎
     
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.322
    Допаѓања:
    23.425
    Пол:
    Машки
    Белорусија нема да учествува на ESC 2022. Односно, веќе нема право да се натпреварува на Евровизија. Белорускиот радиодифузер е исклучен од EBU (European Broadcasting Union) и со тоа, отпаѓа можноста држава да се натпреварува на Евровизија. Според EBU, ова се должи на сузбивање на слободата на медиумите во Белорусија
     
    На fast_and_curious му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
  6. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки

    Прикачени фајлови:

    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.446
    Допаѓања:
    38.911
    Пол:
    Машки
    Бугарија:

     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Конечно нешто ново и од Бугарија. Убава песна.
     
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.461
    Пол:
    Женски
    Очекувам следната Евровизија да има доста рок песни, што не ми пречи воопшто :D

    Оваа од Бугарија ми е океј после прво слушање, ништо впечатливо... ќе видиме каква конкуренција ќе има.
     
    На Glowy и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.349
    Допаѓања:
    77.675
    Пол:
    Женски
    Ајдее, зарем уште од сега почнаа со песниве.
    Штом ништо од Бугарскава не ми остана во памет по слушањето, значи не ја бива. xD
     
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Не е ништо посебно песнава, но не е ни многу лоша, вторпат кога ја ислушав. Ќе биде добра Евровизија ако годинава има повеќе рок песни. :inlove:
     
    На fast_and_curious му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.446
    Допаѓања:
    38.911
    Пол:
    Машки
    Македонската Радио Телевизија објавува Конкурс за прием на нови, оригинални, необјавени, современи авторски композиции, од кои по пат на натпревар, ќе биде избран претставникот и композицијата со која Република Северна Македонија ќе се претстави на Изборот за Песна на Евровизија 2022 во Торино, Италија, во организација на Националниот сервис на Италија (RAI) и Европската Rадиодифузна Унија (EBU).

    Се покануваат авторско-изведувачките тимови да ги достават своите финални музички предлози (комплетна аудиоснимка) и со својот креативен труд да учествуваат на конкурсот/натпреварот, за да се избере најдобрата песна-претставничка за Торино 2022.

    Од сите пристигнати композиции на конкурсот, МРТ ќе ги избере најдобрите, но не повеќе од шест композиции. Избраните композиции ќе ѝ бидат јавно презентирани на публиката, која по пат на транспарентно гласање ќе учествува во изборот на нашиот претставник за Евросонг 2022. Резултатот од гласањето на публиката ќе обезбеди 50% од вкупните гласови, а преостанатите 50% ќе бидат обезбедени од меѓународно стручно жири.

    Право на учество на конкурсот имаат сите изведувачи и автори-државјани на Република Северна Македонија. Во авторско-изведувачкиот тим, право на учество имаат и автори вон нашата држава, додека изведувачите подлежат на обврската задолжително да се државјани на Република Северна Македонија.

    Предлог-композициите се доставуваат на следната eлектронска адреса: eurosong.macedonia@gmail.com или на адреса: Македонска Радио Телевизија, бул.Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија, со назнака „ЗА ЕВРОСОНГ 2022“.

    Конкурсот за учество е отворен до 16.01.2022 година.

    http://mrt.com.mk/node/68453
     
    На elimkd и staycalm им се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.322
    Допаѓања:
    23.425
    Пол:
    Машки
    Интересно. Ама, според мене 6 песни се премалку.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.349
    Допаѓања:
    77.675
    Пол:
    Женски
    Аи, што им текнало вака. Не е лоша идеја.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.446
    Допаѓања:
    38.911
    Пол:
    Машки
    И се и не се :D
    Ако бидат сите правилно избрани, без врски, мислам дека имаме добар потенцијал. Особено очекувам Лара Иванова да се пробие, па и Александра Јанева. Роберт Билбилов исто можe да изненади после песнава за JESC.
     
    На Mr. Scratch и staycalm им се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.322
    Допаѓања:
    23.425
    Пол:
    Машки
    Во право си, ама скептичен сум дека МРТ ќе направи добар избор за тие 6 песни.. :D
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Најдобро нека направат Мини Евровизија како национален избор, па така и ќе се развиваме на музички план.
    Се надевам дека следната година ќе не претстави во најдобро светло некој искусен пејач или бенд, за да не бидат за џабе потрошените пари за проектот.
    Но, сепак е многу важно МРТ да инвестира во сценскиот настап (ефекти, пиротехника, пратечки вокали...)
     
    На Todorchevskida и Indiegurl им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.446
    Допаѓања:
    38.911
    Пол:
    Машки
    Чешка:

     
    На Guns N` Roses, Аргентина * и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Певлива е, влегува во уво, но сепак не е нешто премногу посебно.
    Ама убави песни годинава, ќе биде интересно за гледање. :)
     
    На Guns N` Roses и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.349
    Допаѓања:
    77.675
    Пол:
    Женски
    Само Бугарија и Чешка имаат објавено песни досега?