Нема врска мислам тоа, уште рано е. Албанија е 32., а реално е за топ 10 со оглед на конкуренцијава. Плус со ревампот ќе скокнеме мислам.
Леле ама словенциве што ги имаа овие две песни со кои ќе си осигураа барем финале, а и потенцијално добар пласман во финале А ќе ја испраќаат онаа Диско.. Не можам
Најверојатно 2019 ништо не ќе може да ја замени. Предобри песни имаше, до крај не можев да се одлучам која ми е најдобра. 2021 Италија беше spotlight-от, но сепак имаше и други добри песни, како од Финска за пример. Годинава вокално освен нашата ништо друго не ми се допаѓа. Не знам дали е така но најмногу Албанија гледам дека се спомнува засега, и можеби Шпанија, барем од тоа мене што ми излегува.
Секоја година пратам Евровизија се сеќавам уште од дете, ни оваа година нема да преслушам ниту една песна ќе го гледам директно шоуто така ми е многу поинтересно а и баш сакам да видам на прво слушање која песна ќе ми се засфиѓа. Друго е кога повторно и повторно ќе ги преслушаш, ама од прва која дефинитивно ќе ти влезе во меморија е тоа е добра песна
Италијанската на прво слушање скоро никаков впечаток не ми остави, дури и како разочарана од Махмуд бев, ама се фатив себе како си ја свиркам песнава последно време А и текстот преубав
Годинава многу слабо. Чешка само ми остана во памет и Полска. Со ваква конкуренција, Андреа има шанси за финале и солиден пласман.
Подолго е на музичката сцена од Maneskin. Од 2014 година се занимава со музика, така да не би рекол дека го копира Damiano.