Колку е релаксирана оваа од Шведска за гласот што го вади. Вистина настапот не е ништо најпосебно, ама вокално е одлична.
Мора да влезе Чешка!!! Австрија не ми влегоја, мора да има малце електронско музиче у финале да си поуживкам плус многу ми се харизматични Доми
Дали само мене Констракта не ми се допаѓа и ми се чини дека е извикана? Не ми се допаѓа песната, ниту пак начинот на кој пее. Ок, некој ќе рече до музичкиот правец е, како некој што многу добро се разбира во музика и што ја проучувал го почитувам тоа. Ама ако е до гласовни способности, тогаш навистина има многу квалитетни вокали и можеле да испратат некој друг, подобар од Констракта. Е сега, ако е за пораката, настапот, намерата да се промовира нешто неконвенционално оти тоа е на „мода“, со сите дополнителни циркуси, тогаш Констракта е одлична. И онака на Евровизија е битно изведувачот да биде поинаков од просекот (дали сексуална ориентација, дали нешто друго), да има драма, секогаш со тоа да се испрати „важна“ порака на светот (читај пропаганда), се е поважно од вокалот и вокалните способности, една голема шарада. Така да не значи дека се што е поразлично е поубаво. П.С. Не гледам Евровизија одамна.