Вчера/завчера, на профилите на БНТ (Бугарска национална телевизија) имаше објавено слика од Кристијан Костов, и дата 15.03, и според ова луѓето заклучија дека ќе ги заменат претставувачите и Кристијан Костов ќе ги претставува повторно, по што Бугарија скокна од ПОСЛЕДНО на ВТОРО место за неколку саати, а отпосле се дозна дека трол ги објавил ствариве..
До овој момент, околу 10 држави- учесници на овогодинешната Евровизија бараат на Русија да и' се забрани учеството или во спротивно тие ќе се повлечат и нема да земат дел од оваа Евровизија. Тоа се сите Балтички и сите Нордиски земји, Холандија, Украина.
Манижа е срцка луѓе. Пишува од вчера, плаче, моли да прекине војната. Ич нејќе што им прават на Украинците. Ах бе се надевам нема да ја поапсат, се има изнапатено девојчето, уште тиранинон да и се закачи и фали. Редактирам, и Сергеј Лазарев исто. Истото и он го напиша.
Треба организатори на Евровизија да ги донираат сите пари на Украина оваа година и да не се оддржи настанот.
https://wiwibloggs.com/2022/02/26/a...-from-the-european-broadcasting-union/270389/ Руските телевизии повеќе нема да бидат членка на EBU (Европската радиодифузна унија), а со тоа Русија веќе нема право да учествува на Евровизија.
The Rasmus на Евровизија Сега ја слушнав песната за првпат и ми се допадна како за прво слушање. Ја вбројувам во подобрите за оваа година
Се чека македонската делегација да објави тизер или нешо да мрднеме од последно место во обложувалниците
Леле да, исто и мене ми звучи многу како нечија копија. Не е лоша ама како да е нешто веќе слушнато...