Реално, боље доживљај беше вторава полуфинална вечер отколку шо ќе биде финалето. Најдосадните песни ги избраа и завчера и сеа, чест на исклучоци.
Тоа некаде до 2006-2007 беше, пред да почнат повеќе држави да учествуваат. Иначе последна деценија и повеќе, дали 2-3 пати влеговме во финале.
Кај погрешни бајачки против уроци одиме. Ни тие не се тоа што беа. На времето беа неколку, сеа еден куп го тераат бизнисот. Дур го погодиш бајачот исто како дур ти ја погодат терапијата кај шринкот, време си треба. Али ќе биде. Не се откажуваме ние така лесно, особено ако се работи за пари.
Е така, раке пуке раке шлаке. Вервам дека ќе е и прв пат кога нема народот да си го критикува претставникот.
Не можам да се помирам дека Белгија пројде. Значи не можам. У сабота кога ќе пее ќе идам да мочам за баксуз да го фати.
Некако Анета Молика сè подобро и подобро звучи ко кандидат за Евровизија. Сигурно сум јадела трици тогаш кога имаше дилеми дали да ја праќаат или не, ама ете нека проштева сесрето. Ко што вика Владо Јаневски - малечок бев и уште не знаев дека плачат и возрасни. Ништо луѓе, тоа е. Ајде во сабота сите на збирно место, а до тогаш кажувајте што да се уплати, да пишеме по едно ливче. Просечни кладионичар in the making.
Да ви кажам мене годинава оваа ми е no1 песна: Ми е криво за нас многу, во море од безвезни песни можевме да влезиме во финале. Искрено ми се свиѓаше и пеењето на девојката и стајлингот. Баш си беше супер се како што треба. Таков народ сме од инает нема да гласаме за самите себе.
Финска да победи! И Чешка ми се свиѓаше. И пак глупи безврска песни влегоа... Сега пак ја гледав Андреа и аман, убаво испеа, ама досаден настап реално и толку ли не не бива да осмислиме целосен производ од песна, настап, стил Може треба да паузираме да се освестиме малку...
Влегуваат секакви за да има кој да биде со 0 бодови доле и да биде атмосфера топ 5 со бодови, им ја научивме финтата веќе. Ако влезевме Србија нас бодови ќе ни даваше , ако влезеше Кипар заедно со Грција ќе си ги дадеа и така... Негоо , ме интересира кои сме по ред вечерва дали 11 дали 18