Андреа беше добра.Но мене не ми е јасно зошто упорно форсираме песни на англиски јазик и некакви жалопојки. Дај бе некоја луда песна нека направат по можност на македонски, од типот на Молдавија годинава, или Шум Украина, или нешто како Србија (лом направи вечерва ејј).Сме запнале само со песни на Англиски (сигурно идат по таа глупа логика,еј ако е на мк немале да не гласат. Абе ич к… не ме боли). Муабетов ми е, многу би било подобро ако секока држава си пее со својот официјален јазик, барем за мене тоа е идеална евровизија. За мене, најдобро сме се претставиле со Црно и Бело од Калиопи (е тоа беше хит), Каролина 2007 и секако Тоше!!
Не ми е криво што влезе Белгија, општо ми се допаѓаше песната и добро беше испеана, само не ми беше ко за на Евровизија. Мене непребол ми е како влегоа Азербејџан, Естонија и до некаде Чешка, чија песната иако беше добра, пејачката многу слабо вокално се покажа, со исклучок на тој главниот извик кај рефренот...
@Ahoy Има нешто ранг листа која земја на кое место е според гласови? Ти мислам имаше постирано минатата година па затоа те тагирам .
Фудбалеров од Белгија среќа имат во дупО, втора половина од финалето извлече. Баш се надевав дека прва ќе извлече и втор ќе го стават
Insert math lady meme зашто не научив како да постирам гиф од мобилен. Јас ништо не баратам од ова со уплаќањево, ама ко грев некој се жустрам дека ќе уплатам секоја година и ништо. Гладна кокошка просо сонува, тоа е.
Јас ќе уплатам за една држава за победник која мислам дека никој не очекува дека ќе победи ама не ви кажувам пошто ме урочувате.