Е сеа откако се прибрав дома и одговорив на сите кои ме таговаа на инстаграм, да си кажам што мислам. Ние сме ти една многу чудна нација, што не знае да си цени она што го има. Прво и основно, на глава и се качивме на Андреа. Браво за тоа колку остана смирена и сконцентрирана, отпеа одлично, не претстави во убаво светло. Сите имаат пофални зборови за неа. Не си знаеме да си го цениме нашето. Затоа сме последни секаде, од инает, љубомора, завист и злоба. Срцето ми се кине кога гледам каква поддршка си доби Ронела од Албанија, буквално очите на главата ќе им ги ископаат на сите хејтери. Србија РЕВНОСНО ја величи Констракта. Секаде си ги бодрат своите, само ние гледаме што повеќе да го омаловажиме човек, да го посрамотиме и да го направиме да се осеќа како гомно. Евровизија е еден прекрасен натпревар, мислам дека колективна екстаза вечерва доживеавме ние овде на темава, се осети по настапот на Констракта таа енергија што беше во салата иако ние бевме зад телевизор. И вакви моменти се бесценети, музиката покрај спортот е една од најубавите работи, имаме можност да одиме и да се претставуваме, ама не, ние само ќе флраме пелин и нема да си цениме она што е наше. Евровизија ми е омилен настан мене. И Оскари сакам, и Греми и Еми и све. Ама Евровизија ми е број 1. И колку и да ме боли што ќе го кажам ова, подобро е да не идеме. Не заслужил никој вака да е третиран, не заслужил никој да е колнет, пцуен, омаловажуван и исмеван. Не ни можат да направат нешто кога зависат од наша дијаспора, која е ем иселена, ама као демек патриоти, па се лутат ко мали деца за све и свашта. Ајт.
И после ќе кажуваат како било срамота да се наречеш патриот, екшли не е е до патриотизмот, до тебе е.
Циркус од фестивал а секоја година не испуштате да испратите што и како се случува. Ах бе Македонче бе..
Не го гледав првото полуфинале, само ова второво, и сметам дека годишново издание е баш лито, досадно до бол. Бар по ова од вечерва. Србија кидање стандард, и нашата не дека е наша, одлична. Андреа , како и да е , ја доби битката на животот си. Да се бориш со месеци уназад со сопствениот народ, и да застанеш на сцена и да отпееш онака - е па не може секој. Секоја чест за секој еден наш претставник, за храброста и желбата да претставуваат еден проклет, злобен, малограѓански народ.
Иначе само како податок, поише прегледи иаме од Австралија, Азербеџан, Белгија и Чешка, а сите тие поминаа. Подобри бевме од сите овие. Ама ако, продолжете да си ја сакате државата со тоа што ќе плукате по све што ја претставува. Иначе не учествуваат само Русија и Белорусија оти се воени агресори и сељаци, Турција оти лгбт им е Евровизија и Унгарија оти многу прогресивна била. Одлично друштво кон кое се приклучуваме, кои од кои позагревотни конзерви. Ајт.
Сакам Андреа да ја отвори темата и да прочита, да види дека имаше и голема поддршка и дека не сите се злобни како тие на Фејсбук. Млада е и не сакам ова да и' е лошо искуство и да го сфати како неуспех. Така да, ако некој ја познава нека пренеси дека РАСТУРИ НА СЦЕНА.
Андреа од анонимус, неискусна, млада и што не, се покажа во најпрофесионално светло. Напредокот од првата изведба во живо, до ова е огромен. Прекрасно испеа, на сцена изгледаше самоуверено, мислиш секој ден концерти има. Што не претрпе девојчето, од хејтот дека таа ќе не претставува, а не Супермен, па знамето, никаква поддршка, а ова се влијае ептен на психа, таа се справи предобро, како ништо да не било. Заслужувавме влез во финале. Сега една друга тема, туѓото повеќе си го сакаме од нашето, а во гради се удираме и глумиме патриоти. Ретко која јавна личност ја сподели Андреа во знак на поддршка, ретко кој човек ја споедли, како да не постои воопшто. Ама битно Констракта сите ја споделија, истава приказна беше и лани со Ураганките. Не велам да не дадеме поддршка на соседите или да не споделиме нешто што ни се допаѓа, ама толкава револуција имаше за знамето, толкав патриотизам, за што се покажува дека е лажен, така што сами се игнорираме себе си, па дури и се ситиме и исмеваме што не влеговме во финале. Навистина чудна сорта на народ сме. И да, да не се чудиме в година во јануари/февруари (ако воопшто одиме пак), зошто никој попознат, поискусен не се пријавува. Да си ја чукниме главата каков третман даваме и како влијаеме врз некого. Никој не заслужува да го спуштаме подолу од нула.
Супер беше бе Андреа, баш ми е мн мн криво што не влезе, еве сега пак го гледав настапот утка нема. Алал да и е, после сѐ така цврсто да излезе на сцена Срцка ми е мене Ептен жал ми беше за сѐ што и се испозадеси.... Инаку и Бих одамна не се на Јуровижн. Колку и да е политичка Јуровижн мене сите победнички ми се допаѓале Холандија 2019, Скандинавците увек победувале со добри песни, лани Таљаните и години наназад воглавно сите победнички си биле топ. Кој ќе победи кој знае И да е жална Украина ради ситуацијата ... Мене ми се допаѓа ептен тој етно мелос од прва ми се допаднаа Исто ја заборавив и Португалија годинава супер еХоландија и Србија... Пак ќе ги преслушам у суботу па ќе видиме. Гуд најт
Не ни очекував влез во финале,да ви кажам право. Толку имам да кажам за нас. Албанската натпреварувачка толку се глупираше изјавила дека победила. Српската пејачка ми е антипатична ама имаше потенцијал за влез. Честитки!!! Прочитав низ порталиве дека некоја натпреварувачка немала пари за фустан а влегла у финале. Или порталиве пишуваат глупости. Ема од Малта знаев дека нема шанси. И така… Секоја година исто,сирени, гробари, кичерај. Догодина ајкули да пратиме. Не знам дино-свет да видиме.
Како бе Белгија не заслужила финале. Наместо Романија или Естонија требаше да е Македонија. Ај Естонија, ама за Романија не ми се верува дека успеа да се пласира. Мислев дека немаме шанси ние, ама кога ја слушнав Андреа, премногу ме изненади, позитивно, супер беше се', со многу емоции испеа, одлично звучеше и изгледаше. Се претстави баш како што имаше замисла и сакаше, таа самата да ја освои сцената. И успеа. Ми се сменија очекувањата и се' си мислев дека ќе слушнам дека следен финалист е North Macedonia. Во секој случај, многу, многу сум задоволна од Андреа како наш претставник, не само вечерва туку и воопшто сиве овие денови низ нејзините интервјуа.
Темава не е за знамето. Ќе следуваат банови ако се продолжува со истото. Доволно е веќе во другата тема што има дискусија. Ако имате да кажете нешто за песните, настапите, слободно, за другото ќе следуваат банови и ќе бидете избришани.
Сега го гледав настапот на Андреа, и морам да кажам секоја чест, предобар настап, имаше самодоверба на сцената, прв пат и визуелно да ми се свиѓа наш настап реално. После толку плукање по девојчето од лажни патриоти само на фб, искрено РАСТУРИИИИ!!! Само ми е жал што не влеговме во финале, а заслуживме после ваква изведба.