o honey Секогаш, за сите, има негативни коментари. Без исклучок. И искрено се хејта и се бара игла во сено ако треба само за да се линчува. Изненадена сум дека има луѓе шо уште сакаат и свесно се изложват на то. За Андреа бев за инает. Ради нашите луѓе шо изедоја *тиит*. И после го видов настапот и сега и без инает ја сакам. GURL GAVE PASSION, GURL GAVE EMOTION. WE STAN. Криво ми е дека не продолжи. Шо оти сакав ние да продолжиме, шо оти стварно имаше многу убав настап, без грешка, моќен, емотивен. Од тие шо сакав да влезат и влегоја ми се Белгија и Австралија. Не прежалив дека не влегоја Израел и Сан Марино. И ние де, ама то се подразбира.
Не отпеа лошо девојчето, само и недостигаше самодоверба, а фацата и беше цело време како да во секој момент ќе рикне да плаче. Си замислив како Лорин би ја отпеала песната. Понекогаш не е само да отпееш, туку треба и некоја порака и енергија да испратиш. Српската не ми се допадна. Не ми се допаѓаше нити кога ја форсираа од порано. Фалеше дотката уште папучките да ги собуе и да си замие нозички.
Сега веќе сум убедена дека Украина ќе победи. Србија колку и да е уникат Констракта и прејака, од политички аспект нема да дозволат да победат зошто србите се ептен про-русија ориентирани. Едино од публиката ако ги собере гласовите, од стручните жириа се кладам дека 90% од гласовите ќе одат кај Украина.
Јас мислам дека жирито нема многу да гласа за Украина. Некое 5-то, 6-то место можеби од жири ќе биде Украина. Можно е да победат, ама не сум сигурен. Србија очекувам да биде саботирана од жирито, за жал. Комбинирано од обложувалници, фаворити на публиката и вокални способности, мислам дека Велика Британија ќе победи. Рајдер пее прејако, сценскиот им е добар, од публиката се на 6то место според апликациите, со обложувалниците втори. Ризична претпоставка, ама можно е и Грција да биде жири победник, и со топ 3 пласман од телевотинг, в година ова време да бидеме во Атина И нормално, за победа секогаш, ама секогаш во трка е Шведска Корнелија мене ми е меѓу фаворитите, ама за победа не мислам дека е. И сценскиот, особено почетокот, е по малку аматерски. Ја нема таа интимност од Мелфест. Шведска без сомнеж ќе биде рангирана многу високо од жирито, но не знам како ќе помине кај публиката. И конечно, ништо чудно Шпанија да победи, само не сум сигурен како ќе биде рангирана од жирито.
Искрено треба да пратиме песни со етно елементи, тогаш финалето ни е гарантирано, имаме толку убава традиција ни еднаш немаме пратено песна со етно елементи. Исто така за да влеземе треба уште еднаш Лозано да го пратиме, или пак да пратиме некој како Антониа Гиговска.
Ептен ми е криво за нашите. Р-а-с-т-у-р-и Андреа, сама на толкава сцена без многу искуство. Денес повторно ја пуштив, ежење. Песната на Србија од старт не ми беше нешто посебно но со секое слушање повеќе ми легнува. А настапот за пофалба. Во 3 минути колку транзиции и iconic moments имаше, буквално те тера да не трепкаш дури гледаш. Украина колку и да има политичка позадина за победа, сепак песната, пораката и целиот вајб ми се одлични, така да нема да се жалам ако победник е една од овие две.
Се знае каде оди нашата 12ка уште пред да кажи Пак ќе речам Србија е топ 3 иако поќе типувам на победа.
Јас немам слушнато лош збор за Елена. Повеќе имам слушнато за Тоше и неговиот стајлниг. Не зборам за песната баш туку повеќе коментарите беа за стајлингот. Океј де ја малечка сум била тогаш ама сум гледала после се. Тоше бил 2004 ја сум родена 1997.
Не само што ми е фаворит за победа туку си ја имам снимено во телефон. Не знам колку пати до сега ја имам преслушано.