Лозано беше и беше катастрофа. Синтезис треба да ги пратиме зошто таков звук немало до сега на Евровизија. Ако и со нив ништо не направиме, доволно е. Џабе трошиме пари. И тимот од МРТ веднаш да се смени. Наместо Андреа да се извинува за знамето требаше МТВ. Зошто пеачот треба да се грижи само за пеењето, се друго е вина на тимот. Браво за Андреа, се надевам Евровизија ќе и биде отскочна даска за светска кариера. Па на сите да ни ги затвори устите.
Ако веќе победи Украина, како ќе се одржи таму ваков настан, нз, не ми е јасно? Навивам за Шпанија и Србија, нормално
Од гласови на публика најверојатно Шпанија ќе победи. На постот на PopCrave за фаворити секој коментар за Шанел беше, и по некој за Констракта. Верувам дека ќе се во топ 3. Е сега, ништо чудно и Шведска да изненади со победа. Швеѓаните секогаш колку толку имаат гласови од публика и ако им се поклопи со жирито... џекпот. За Украина верувам дека од жирито ќе имаат гласови, ама не мислам дека е баш fan favorite.
Лозано во живо на сцена беше одличен.Песната и миксот со Есма беше лош. Србија е префорсиран рецитал. Од жири нема да добие ништо.
Јас пак мислам дека Холандија ќе е баш фаворит на жирито, ама не сум сигурна колку ќе гласаат гледачите.
Добро ајде сега некој да ми одговори најискрено. Дали вреди да гласаш на евровизија или се е политика?
Гласовите на публиката секогаш се уважуваат, но се претвораат во поени. Ние како публика да гласаме секогаш вреди, ако гласаме масовно пример за Србија, Србија ќе добие 12ка од нас. Ама ако гласаме 10 души за пример Молдавија, тогаш нема ниту еден поен Молдавија да добие од нас. Политиката се случува во жири гласањето, ако веќе се случува.
Евровизија ваква, Евровизија таква, Евровизија циркус, курвисекташипедери, да не учествуваме веќе......... Во меѓувреме, трендинг на Јутуб во Македонија : #3 Албанскиот настап #5 Знамето на Андреа #6 Српскиот настап #10 Второ полуфинале лајв стрим До вчера и лајв стримот од првото полуфинале беше во трендинг.
Антонија нема да оди на Евровизија се додека Евровизијата се политизира кај нас, тоа е нејзин став.. Не сака да си ја уништи кариерата уште непочната..
Убаво имаше пишано една кога некој си ја поддржува земјата тогаш не ваља, кога некој си ја плука исто не ваља. Највеќе се фатија за албанката ради орлите што ги покажуваше со рацете. Иди па сфати ги сега луѓето. Иначе да не се разбереме погрешно, не ја оправудам Андреа, ни најмалце.
Само за Констракта делот не се сложувам, предобра ми е. Точно така, не е само песната, целиот склоп, целата енергија, па и наједноставен стајлинг да има, тука нешто фалеше. И не сум хејтер, не дишев додека пееше и добро испеа, ама се додека не сменат нешто у целокупната организација, ќе си тапкаме во место, а за жал ќе страдаат токму тие што се на бината.
Лозано никогаш нема да биде одличен. Може да биде само добар. Му недостига оној Х фактор. Стави го Лозано и стави го Демјано и се ќе ти биде јасно, фали шарм, фали она заведување на публиката. А нема ни јак, специфичен глас како на Калиопи па да речам дека ќе го забележат. Кога сум кај Калиопа, воопшто не ја користиме жената. Имаме таков вокал кој наместо да ги изучува млади уметници ние ја оставивме така. Јас да сум, сите млади уметници кај неа би ги пратила на припреми. Искрено сметам дека Андреа може исто колку Калиопи да биде добра ако и само ако го има вистинскиот професор.
Девојчето како за неискусен пејач им ги затна устите на сите, тоа што не помина понатаму нема врска со неа, туку со нашата дијаспора што гордо македонски к*р ја боли за се' каде што треба земјава да се претстави. Мој фаворит е Констракта, прв пат после веројатно повеќе од 20 години гласав воопшто, памтам од фиксен последно имам гласано како дете. Едит: да не заборавиме дека Тамара сепак беше 1во место од жири во финалето, 6та overall и со неа имавме најдобар пласман до сега. Не затоа што Тамара е подобар пејач од Тоше што беше, туку Тоше го пративме со очајна песна, очајна кореографија, очаен сценски настап. Со тоа што го имаше тој на располагање, супер беше. Тамара излезе САМА на сцена ама доминираше и тоа беше наградено. Калиопи ок, Црно и бело е супер песна, Калиопи како лик е тешко допадлива реално. Не знам ни кој имаме да пратиме. Некоја алтернатива бенд можеби, бидејќи овие меинстрим за себе не прават добри песни, а не за Евровизија. Ууууу ми текна, јас Арнаудова би ја пратила, страшен вокал е, знае да истера настап, ама пустата изгледа не е веќе во музички води. Какви песни има извадено, верувам дека би можела да скоцка нешто евровизиско.