Боросаните масовно се произведуваат во Хрватска, ептен ги унапредиле, и јас си имам еден пар, шарени се и супер
Иако не е тема, мислам дека Калиопи не е добар соработник, сите што си имале работа со неа го велат истото, иако никогаш на глас. Многу е суетна.
Не треба да учествуваме на Евровизија се додека не го сменат тимот што стои позади пејачите секоја година. Луѓето немаат појма што прават таму, ништо не работат, не ги бива тотално. Гледаат да се прошетаат на државна сметка и толку, тоа им е битно. Маркетинг никаков, костимографија, сценографија, пр...Се е утка и промашено буквално секоја година. Да го пратиме и најдобриот пејач, со ваков катастрофа тим нема ништо да направи.
Ама буквално! И тоа си е така уште од кога учествуваме. Едно време вртевме муабети-леле композиторите ко да се блокираат кога треба да се создаде песна за Евровизоја, па се местеше победник, па ако не победник, се местеше чија песна да победи, а бе циркузи, и најдобрите кога ги пративме или имаа слаба песна, или тапа костимографија секогаш нешто фали. Влегувавме во финале се додека имаше една полуфинална вечер, откако воведоа две, два-три пати влеговме колку што памтам.
Песната на Кипар е фантазија и не ми е јасно како не ја приметив претходните месеци, ќе да излезе меѓу последните (?) кога престанав да следам, па затоа сум ја пропуштила. Одамна Грција/Кипар не беа испратиле нешто толку убаво на Евровизија. Прекрасна мелодија, и сцена и пејачка. Добро, не испеа идеално, ама нејзиното држење беше совршено и сигурна сум дека нешто не беше во ред со озвучувањето. А и лепотица е бе, мис Евровизија за оваа година Ова е избор на најдобра песна, а не потрага по талент, некои песни кои не се квалификуваат, сами по себе заслужуваат финале и втора шанса.
Критики имало отсекогаш и треба да ги има, ама вакво непочитување на претставниците кон државата која ги испраќа како последниве години што е немало никогаш, и уште да им даделе поддршка што морам да признаам е доста налудничаво очекување, исто голема кривица сноси и МРТ за целата нивна неодговорност и неорганизираност. Инаку доколку се ова тргнеме настрана, настапот на Андреа баш ми беше просечен од пеење, сценска изведба, визуелни ефекти не ми беше баш ништо вклопено, или со други зборови толку беше добар за неодење во финале тамам За победа претпоставувам ќе биде Украина, не за друго дека на Евровизија нема политика де, туку е само забавен настан
Да но мислам ако оди пак ќе има подобра песна поради тоа што сега веќе има поголема кариера од тогаш. Но се согласувам со се друго.
Македонски народ: досега за сите претставници упатувале секакви злобни и одвратни коментари. Јас да бев Андреа, ќе си дојдев првата прилика. Девојката растури на сцена, знаеше како да реагира на целиов хејт што го добиваше од земјава. Очекував да влеземе, ама кога видов дека има уште едно место, знаев дека ќе влезе Констракта и дека немаме шанси. Фаворити од првата полуфинала вечер ми се Украина, Молдавија и Норвешка, од втората Австралија, Естонија и Србија. Од големата петорка само на Италија ми се свиѓа. Победник ќе биде Украина. Иако уште не ми е преболена Алина Паш.