Ок, официјално можам да објавам кои се моите топ 10: 1.Украина 2. Германија 3. Холандија 4. Србија 5. Финска 6. Белгија 7. Азербејџан 8. Чешка 9. Молдавија 10. Литванија
Пишува коментар: StoJe ova srpija so sekta$i ispraj ka na evrofizija, katasrofa teks1!!1 и после пушта на јутјуб жена од султана пошо тоа е текстиште, пјур арт. Пишувам како баба од 60тина години ама стварно е жално да имаме толкава затупеност. Стилска фигура, преносно значење, нов стил на уметност .. слабо а? Настапот на Констракта феноменален! Додадени се некои детали, позадината, ефектите .. ма топ. Браво и за тимот зад неа, се гледа дека се професионалци во тоа што го работат, треба малце да се угледаме на нив. ПС. Мислам дека Украина ќе победи оваа година.
И јас денес да ги споделам моите фаворити, а кои се дел од финалето утре: Првите две места ми се исто, не можам да се одлучам која повеќе ми се допаѓа. Грција Србија Шведска Полска Велика Британија Шпанија Холандија Естонија Молдавија Португалија И то је све
Фаворити за победа ми се Украина и Австралија. Украина Австралија Естонија Србија Италија Норвешка Молдавија Германија Шпанија Шведска Нека победи најдобриот.
Ако рангираме само пласирани, јас би гласала вака: Србија - 12 Франција - 10 Литванија - 8 Шпанија - 7 Холандија - 6 Молдавија - 5 Шведска - 4 Чешка - 3 Романија - 2 Англија - 1
Добар е малиов. Баш ради коментаров отворив да видам и кога слушнав француска песна ми се слоши. Едвај у средно добивав 2 за пролаз. Не можам да го смислам тој јазик.
Еве ги моите поени. Кажете дали би се дружеле со мене според листава? 12 - Србија 10 - Литванија 8 - Холандија 7 - Италија 6 - Естонија 5 - Украина 4 - Франција 3 - Шведска 2 - Исланд 1 - Романија
Иначе, цело време се мислам на која песна ме потсеќа оваа на Шведска и конечно се сетив. Нели ве потсеќа малце рефренот, почнувајќи од 0:53, на: I'm off the deep end, watch as I dive in I'll never meet the ground Crash through the surface, where they can't hurt us We're far from the shallow now
Еве вака изгледа поддршка за сопствената земја. Милиони прегледи и гледања во живо, одбројување до финалето на РТС, за масовна поддршка и пропаганда по социјални мрежи не ни зборувам. Браво!!!
Да се појавам јас да си ги кажам фаворитите. Секоја година максимално се трудам да ги одбегнувам песните бидејќи сакам фрст импрешнс да имам од настапите, морам да кажам многу е тешко, особено ако си во друштво на јуровижн слатс. Србија ми е фејв, ама се мислам дали да гласам за неа утре бидејќи од нас секако 24 поени добива. Украина исто многу ми се допаѓа, супер им е песната. Сосема океј ќе сум со тоа да победи, ама не сакам да се отвори пандорината кутија на хејт. Некако презаситена сум од бумери што мислат дека господ за јајце го фатиле ако пишале politikovizija на фб коментар. Норвешка исто ми се допаѓа, имам софт спот за циркузи, тоа е. Молдавија ми е гилти плежр. Романија ми е исто така топ 10. Финска такоџе. Чешка е океј. Сан Марино ми е непребол. Мислам, ако можевме да имаме 10 досадни песни по ред во финалето, имаше место ваљда и за еден бик. Инаку приметив голем број балади што искрено мене на прво слушање не ми се разликуваа, а сите се онака да речеш добри. Ама следната година ова време, нема да мислам како Австралијанецот ги погодил сите ноти, ќе го мислам оној на бикот што се качи. Инаку од таа категорија песни ми се засвиѓа Литванија, останатите некако ми се губат една низ друга. Ваљда повеќе пати кога ќе ги преслушам ќе си одберам и од нив фаворити. Биг фајв уште ги немам слушнато, за Махмуд слушам викаат разочарување. Од тоа што видов, Шпанија ќе ми е во топ 5 секако, за Британецот ќе одлучам дополнително. Плус да си кажам Шведска многу ми се допадна, појава е жената, вистина. Ама за победник не ми е. А ме нервира што едно нешто поасално да пратат Шведска и одма за победа се токмат. И прво место од жири се автоматски. Андреа наша беше одлична, сè беше на место. Максимум извади од таа песна и тој настап. Е сега што не влезе во финале не влезе, не ни очекував. Да беше истаба песна на некој од миленичињата на жирито ќе влезеше и тоа како. Ама it is what it is... Сепак покул личност досега мислам не сме пратиле, фантастично нè претстави, и покрај кочниците што и' ги сервиравме. Инаку во право е Кејт кога вика добро е да се откажеме за да не ги изложуваме малкуте таленти што ги имаме на таква домашна тортура, ама искрено еве не сакам. Баш ми е убаво што сме дел од ова. Не сакам да го изгубиме хајпот секоја година, сакам да чекам со нетрпение да дропне нашата песна, па да читам што мислат другите за неа, да го гледам македонското знаме во публика таму, да гласам. Плус да се собираме со другарите и да не дишеме додека пеат нашите. Тие што викате дека не ви била Евровизија веќе тоа што беше, скроз не се согласувам, мене сега ми е стопати појако отколку кога сум била дете. А најјако ми е што истите после ги лепат Монескин на сториња, оукеејј... И уште една категорија луѓе што ме нервираат се тие што ќе си одберат еден фејв и после просераваат врз сите други. Пример Констракта уметност нудела, за разлика од Албанија која само тресела газови. Џиз, чил малце, постои начин да се ужива повеќе од еден тип на музика, океј е. Сè на сè, ексајтед сум за утре. Уште не знам за кој ќе гласам и тоа ме прави уште поексајтед.
Што е поентата со босоногите шведски пеачки? По што е позната? Да бидам искрена прв пат слушнав за неа.
Буквално! Јас работев нешто додека пееше не гледав и буквално си ја пеев shallow и мелодијата ми се совпаѓаше.