Ова е сто пати преуредувано и до утревечер уште сто пати ќе го сменам мислењето ама ајде 1. Уметница мора бити победница 2. Холандија 3. Франција 4. Шпанија 5. Украина 6. Норвешка 7. Португалија 8. Обединето Кралство 9. Чешка 10. Ерменија Honorable mentions: Грција и Литванија. Непребол: Австрија и Кипар, и ние секако.
Мора, мора, мора!!!!! Утре преку денот нема да ме има многу, затоа уште од сега почнувам со пропаганда за уметницата, и повторно како и лани, цела екс-Ју е на нивен грб. За едно 25-6ч., да бараме смештај за Белград мај 2023. У име здравља!
Ја не ни имам 10 фаворити да направам листа. Не можам да преболам што Кипар не влегоа во финале. Ќути и тие што ги сакам да не ги урочам. Ќе чекам да видам сега по обратна логика. Кој ќе победи па ќе пишам. Океј де џабе го тупам па и ко да не знаете кој сакам.
После долго размислување, ова е мојата листа за вечерва, во поени: 12. Франција 10. Србија 8. Грција 8. Холандија 7. Украина 6. Шведска 5. Велика Британија 4. Полска 3. Норвешка 2. Чешка 1. Романија Морав две осмици, не можам поинаку
За да не се повторвам кои ми се непрежалени, засега овие ми се фаворити, по овај редослед: - Белгија обожавам гласот, едноставно буди нешто го мене и песната ми е заглавена ever since. - Норвешка ветувам не сум пристрасна, ама имам софт спот за државата. Какоидае, песнава ме потсеќа на what does the fox say, и ми е премногу пародична и тој ми е тој софт спот за песни и серии. Да е пародија, циркуз, хаотична. - Финска ако некогаш можам да се кладам дека има држава шо константно "го збора" мојот јазик и скоро секогаш ми се допаѓа - то е Финска. Апсолутно можам да рачунам дека нема да ме разочараат. - Австралија прво бев ко ех и после бев ко ЕХ и така сега ми е многу уба. - Шведска шо прво тука ја напишав сведска ... Песната е нешто шо слушам пред спиење. А можи е и слабоста кон Скандинавија. Ама мислам дека е до песната иако ако има крвче во знамето - ми го зема и интересот ахахах. - Молдавија уште памтам реакцијата на другарка ми ко почна песната и та беше ко "вау добар почеток" и после почна почна песната и јас бев ко "ДА". Толку имам фаворити. Јас преслушав песните ко излегоја ама природно, ништо не памтам и се осеќам како прв пат да ги слушам сега. Оставам простор од 5те шо немам слушнато нешто да ми се бендиса. Мислам дека Англија ми беше океј сма стварно не се сеќавам. Ќе видам вечер.
ДА ДА ДА Опцијата дека можи нема да настапваме во иднина или воопшто ме тажи. Нема да ја доживувам Евровизија како шо ја доживувам сега ако не сме дел, макар не се пласирале. Ко буквално настан ми е. Со друштво. Со грицки. Со алкохол. Со карање која песна е најуба. И ако не сме ние и ако не видам знамето да се веј таму - не е то то. Дури и се изненадив колку многу беа ко "arno e ic da ne ucestvuvame da ne se brukame" абе само ние дома бараме грешки. Никој не ги гледа инаку. Како можи толку многу свое да неќите? Или пак парите ќе се распределеле за друго. Лол не. Сите знајме дека не. Оти да не истакниме млад талент? И да. Млад талент. Је победа е топ ама појако е да откриваме нови таленти во државата, да ги поддржуваме, да ги сакаме и конечно да имаме своја забавна естрада. Не треба да победиме пред свет, туку пред себе.
Мислам дека нема да победи Србија, едвај влегоа во финале со најмалку гласови последни беа, како ќе победат..
Нели не е по гласој најавувањето за полуфинале или грешно сфатив? Како и да е, во моја куќа не е омилена. Не ми менва.
И самиот водител пред да ги читаат гласовите кажа дека по рандом редослед ќе ги кажуваат избраните финалисти.
Не ги кажуваат по гласови, и најчесто баш фаворитите ги стават последни. Инаку ви завидувам на сите што имате со кој да гледате и да коментирате. Околу мене сите се против Евро, и се чудев дали само јас останав да гледам Евровизија. Темата вели дека не, добро е. И еве сум тука, барем имам каде да си споделам мислење и импресии. Кај мене после гледањето на целосните настапи, некако листата ми се промени. Белгија и Полска ми беа меѓу најдобрите, посебно Полска, ама некако настап слабо. Романија и Шпанија се супер певливи песни, а и јас сум слаба на шпански, така да, доста ми се вртеа во глава. Ама Романија со настап ме врати во 2006 година а Шпанија со веќе испробана и видена финта, која сеуште не успеала. Од друга страна Австралија и Азербејџан имаат една целина. Песна и добро смислен сценски настап. Кога ќе размислам подобро, песните продолжуваат да се слушат а не да се гледат, и така дојдов до заклучок дека не можам да направам листа од најдобри песни.
Србија би ја сместила некаде од 3 до 10 место. Не на прво.Би било големо изненадување и нефер да победи. Ем има вокално појаки, ем постои можност Украина да биде победник ради политика (иако звучеа послабо дури и од Констракта).