Нефер е Украина да победи ради политика. Не сум ич за Констракта да победи ама ако мнозинството одлучи дека така треба зошто да не?! Разбирам дека светов ја жали Украина ама глупаво е ради тоа да победи. И глупаво и нефер.
Може не сум се изразила добро.Да и тоа е нефер. Ама, како што кажав има вокално појаки од Констракта, па и нејзина победа би била нефер. И не знам што гледаат во Швеѓанката.Има еден од најслабите вокали.
1. Украина - целосен пакет, песната ми се допадна на прво слушање, два месеци си ја свиркам мелодијата и не ми здосадува, уникатна комбинација на етно и рап, за мене ова ќе остане евровизиска класика. Претставниците исто така ми се допаднаа на сцената, со оглед на ситуацијата се професионалци на високо ниво и нивниот перформанс изгледаше достојно за победник. 2. Молдавија - зезанција од песна, но најдобри беа во живо, го украдоа шоуто и изведувачите се утврдија како евровизиски легенди. 3. Шпанија/Велика Британија Шпанскава песна е најзаразна, ама ме зарази дури по неколку слушања, и мислам дека за брзо ќе ми здосади. Британската не е нешто нечуено, но ми звучи подобро сработена од дузина слични кои само годинава учествуваат и претставникот ми е интересен и специфичен. Нез, има многу земји кои ми се тука негде, нека настапат вечер пред да проценам мои топ 10. Сакав во финале да ги видам: Кипар, Сан Марино, Хрватска, Словенија, Албанија, ама сите (освен Словенците кои звучеа одлично), сами си ги зезнаа настапите. Сепак мислам дека Кипар и Сан Марино некако требаше да бидат вметнати во финале. За Кипар пишував поназад, Сан Марино имаше докажан пејач покрај добра песна, плус Италијанец е и неубаво вака што испадна дома.
Настрана политики, војна и такви ствари, има големи шанси Украина, башка и убава е песната, а по гласови во втората полуфинална вечер Србија беше прва??
Италијанската brividi ми е премногу океј песниче, јас мислам ќе се води битка околу Украина Србија или Италија.
Мене Украина не ми е за победа затоа што навистина има многу подобри песни од нивната. Ако победи ќе биде ради политика што крајно не е фер. Не мора секаде да мешаат политика нека победи најдобриот. Евровизијата треба да биде за забава и релаксација.
Јас имам најдобра поддршка, ќере, 6 години е од лани е опседната со Евровизија, ги научи сите знамиња и држави, а порача дека Македонија ќе победи кога таа ќе настапува
Фаворит ми е Констракта секако, а онака песни што си ги слушам редовно деновиве ми се Исланд(shut up ), Чешка, Франција, Холандија... Шведска и Грција на почетокот многу ми се допаѓаа, ама брзо здосадија.
Нашиот најголем успех на Евровизија досега, дури и ми е жал затоа што не и дадовме повеќе поддршка на Тамара за да победи, а имавме големи шанси, многу 12ки собравме..
Азербејџан и Шведска се моите фаворити за вечер. @нина122 тоа дека се знаеше како беше со нејзе. Сепак низ годините 2002, 2004, 2007, 2010, 2011, 2012 сме имале посолидни песни. Мислам дека редно е Каролина да не' претставува повторно за следната. Едит: Не се споредува со Андреа. Башка што фалш фати, ама тешко кој запримети некни..
Се присетив на Италија 2019 ја заборавив песната дека им беше оваа тогаш може била онака ама сега кога ја слушнав хит голем е сеуште. Песната на романија си ја слушам деновиве,скроз е заразна и певлива Се спренате за вечееер
Од овде што ве читам дека сакате Србија да победи, се трудев стварно да ми влезе песната в памет, дури и неколку пати ја пуштив и пак не и не ја можам а стварно се обидов и дадов се од себе