Нелиии... За секоја година што Србија нема да победи на Евровизија, на Марија егото дупло расте. И искрено немам ништо против тоа да си свесен и да си го препознаваш својот успех и талент, ама нејзиниво повеќе ко злоупотребување на истото е. Годинава Кипар беше тоа.
И јас ќе се придружам во друштвово што не му е ништо посебно песната. Нит вокал ни композиција само заразен такт, е да,и претеран хајп во екс ју кој веќе станува напорен и активност по социјални мрежи исто ко што правеа за ураганките. Перформанс за театар,не за музички фестивсл каде очекуваме пеење. Уметницава воопшто не пее повисок тон,од жири ке има 0 бодови,од екс ју ќе собере 12 ки,нешто од дијаспора Германија и Швајцарија и толку.
Евровизиски победник не знам кој ќе биде, мои омилени се сѐ уште Португалија и Србија, до стоедно и назад ги слушам. Убави се и Австралија, Грција, Холандија. Доста песни има за умирачки и мрачења општо, ама ајде, атмосферата на планетава изгледа е таква. Големата петорка ја немам слушано, сите ги слушам сефте на финале/полуфинале, позабавно да ми биде
Моите непопуларни мислења за Евровизија годинава се: Кипар имаше убава песничка, нон стоп ми се врти во глава. Исланд ми се многу свиѓа actually. Шпанија не ми се ич допаѓа, многу просечно, ниту во моите топ 10 не влегува. Финска не ми се ич допаѓа, подрпосечни ми се. Шведска не е толку лоша како што викате, во топ 10 ми е. Не знам како ви се допаѓа ВБ, најдосадно нешто што сум слушнала.
Ја изгледав сега, многу е ведра и приземна, нешто што одредени ликови на нашата естрада никако да научат. Нека и е са сречом
Иначе не знам колку ја следите Констракта на инстаграм, жената во интервју вели ако она победи, Евровизија да се одржи во Глибовац, селце со 2500 жители во Србија. На нејзино стори, вели и се вратил англискиот од 5-6то одделение и сега можела покомплексни реченици да составува. Во истото стори, збори како се исто ја прашуваат во 700 интервјуа, она исто одговара. Ама како она тоа искрено го збори јас стварно урлам, толку да бидеш природно смешен.
Кипар и мене ми беше супер многу убава песничка штета што не влезе Шпанија песната онака ништо посебно, а оваа пејачкава буквално ко четврти член на Hurricane Романија ми се свиѓа исто добра е за играње Шведска многу моќна песна, исто и Италија Украина за никаде, ни песна ни ништо ако победи политички стварно веќе не гледам Нормално мојот фаворит е Констракта нешто најразлично до сега што заслужува да победи. Гласаме за број 24 вечер!!!!
Kje pobedi Ukraina ili nekoj pomalku ochekuvan. Kipar beshe daleku bolje od pola i povekje shto vlegoa. Tret den ja slusham pesnata, nauchiv da ja peam.
Значи пресмешна ми е, онака скроз без да се труди. Може и намерно така збори, ама нема врска, баш е автентична и уникатна. Да ви кажам јас благодарение на вас сум во исчекување на финалето, да не беше темава немаше ни да знам дека има евровизија, никој околу мене не гледа.