Ми здосадија срцепарателни, моќни, супер вокали и message to the world песни. Се зажалев за некоја треси - тралалајка. Годинава Шпанија и Романија Хола ми бебебе, ламаме ламаме
Дефинитивно една од најдобрите позиции (претпоследна) со што ќе биде како јагода на шлагот а и секако запаметена за гласање од публиката. Обично првите песни брзо се забораваат особено ако се некои досадни па и не се толку гласани ама последниве 5 се баш онака подредени Молдавија, Шведска , Австралија , Британија , Полска , Србија и Естонија.
Спремни мачиња? Немам очекувања, само Франција фаворит. Евентуално Србија. За победникот мислам дека ќе не' изненадат. И да, Монескин, очекувам концерт. А за јадење, минатиот пат од стрес јадов 1 ресани, 2 реда чоколадо и Фронди. Си ги памтам оти уште ми тежат. Денес гумени бомбони. Шеќерот...
Инаку јас мислам дека годинава е многу непредвидлива. Изгледа дека има големо несогласување помеѓу жири и публиката. Ќе биде интересно гласањето.
На толку урлање јас мислев песната на Констракта премногу им се допаѓа, а тие да ја поддржувале само поради тоа што некои Срби и јавни личности пишувале и кажувале дека не им се допаѓа.
Слушајки ги Манескин, сфатив дека оваа година ниту една песна не ми прави пеперутки во стомакот како нивната.
At this point, embarrassing си со коментариве. Оди најди ми го првото мислење во темава за Констракта и те молам престани да замараш. На никој не му треба твојата гринч енергија во темава.
Според прегледите и рејтинзите онлајн апсолутно победник е Констракта, сѐ друго би било политика. Прва песна на Евровизија со стихови на латински јазик, ever. Единствена песна која го долови моментот околу сѐ што значеше карантинот и како не афектираше сите (обичните луѓе) по менталното здравје и општо пандемијата. Не коментирам за другите, многу песни ми звучат како плагијати и ништо посебно, односно веќе видено или како премногу да се трудат.
Прв пат вака заинтересирано гледам Евровизија, ко изгубен германец сум дека не следев ништо ама нема врска.