Секој претставувач во Србија пред да настапува прави lip sync на евровизиски песни, сестра и на Тамара ја "пееше" Proud.
После слушање на сите песни од Србија, моите топ три по случаен редослед: 1. Зорја - каков глас човече, феноменален вокал, ме наежи и првпат кога ја слушнав, а и со настапот. Сценски е скромно што ми доликува на таа песна. Недостаток е тоа што е веќ видено, не нуди нешто ново за да може да победи во Торино, но мислам дека има можност да се пласира високо бидејќи Зорја ја изведува со невидена емоционалност. 2. Констракта - уникатно, чудно, заразно. Тотално нешто за кое би полуделе сите евровизиски фанови. Кога ја сушнав пред неколку недели ми беше океј песна, но вчера си реков е ОВА е баш евровизиска песна и само си ја потпевнувам по дома. 3. Сара Јо - песната плени, Сара е неверојатен изведувач, сценски одлично, и кореографија и енергија и нејзиното однесување на сцена и нејзиниот изглед. Вокално ми беше слаба на почеток, но потоа се појави таа Сара што ја знам и совршено го заврши настапот. Според мене кого и да изберат од претходно наведениве, супер ќе поминат. Патем, еве зошто е добро изведувачите да пеат во живо пред да се избере песната (MRT take notes): 1. Сценскиот настап дава нова слика за песната (кај мене тоа беше случај за песната на Констракта) 2. Се гледа гласовната способност (Анѓелина, како еден од фаворитите, многу разочара вчера)
Хахха те зеза како несфаќаш Инаку Сара е огромно разочарување, ги следев и коментарите под лајв преносот и големиот дел беа разочарани. Немаше ниту П од пеење ко да рецитираше па и тоа беше неразбирливо. Али така е тоа кога пеат во живо песни скоцани студиски со аутотјун. Може само да замислам кој дебакл би се случило да замине на Евровизија. Така да дефинитивно победува Зорја.
Вечер е финалето, вчера и завчера беа полуфиналиња Овде имаш кој се пласира во финале https://sr.wikipedia.org/wiki/Песма_за_Евровизију_’22
Не, вечерва ќе биде финалето, од двете полуфинални вечери резултати ќе има после финалето за да не влијаат резултатите некако
Почетокот и беше несигурен на Сара, потоа се подобра и подобра беше вокоално. Сара е прекрасен вокал, само изведува песни кои се слушани сега на Балканов. Треба да се земе во предвид и сценскиот настап, пееше во позиции во кои е тешко да се пее, преголем залак и беше сценскиот настап. Ако победи мислам дека уште подобро би се спремила и сценски и вокално. И Ураганките на Беовизија кога настапуваа имаа слаб почеток и вокално беа нестабилни особено Ивана и Ксенија, па победија и од жири и од публика. Така што уште ништо не може да се знае, ќе видиме вечер, доста добри песни има, голема е конкуренцијата