Ауу како рандом ја погодив српскава претставничка Не верував ич дека ќе ја изберат, изгледа им здосадило од етно балади и стандарден поп, баш ми е мило
Ајде бе доста мрчите Супер е песничево. Сара беше побомбастична да и најверојатно повеќе ќе успееше, ама ова е нешто ново, интересно е!
Која песна жити се. Ова ли е песна Ќе ве молам да ми објаснете што убаво гледате, пробувам да сфатам.
Така останав од прашањето... Можиме да читаме коментари од србите за претставничката, исти се ко нас, исти.
Јас напротив, мислам дека оваа песна подобро ќе заврши него ли што би Сара Јо и високо ќе се пласира. Мене ми за кратко стана омилена, ќе гласам за неа.
Чудна, необична е и океј ми е. Кај ваквите песни нема рангирање во средина, или се на врвот од табелата или на дното, па нек им е са сречу
Сега ја слушнав оваа што победила, а искрено баш мислев дека ќе победи Сара. Оваа е океј од уметничка страна, текстуално, ама за евровизија воопшто не ми е, само како рецитал е.
Најжално ми е што позасегнати сме за српскиов избор отколку нашиот. Зборувам генерално, со сите што имам зборувано повеќе ги знаат српскиве кандидати него ли нашите.
И јас не можам да сфатам, ни оваа, ни песната од Сара Јо, ај таа барем на карта на сексапил идеше. Ама, очигледно тоа мене што ми се свиѓа најчесто завршува некаде долу на листата, па или јас немам вкус или отидена е у к.... музикава скрос. Пример песната од Тијана мене ми се свиѓаше, не ми беше фаворит, него само како пример да доловам. А, читам по коментари сите велат шо било тоа, песната како од пред 100 години била, на кого уште му се свиѓало тоа. И вистина може не е нешто необична, ама овие фаворитиве па не си ни песни. Абе оваа Констракта не ви личи мн на Фатиме Фетаи?
Колку и беше кисела насмевката на Сара кога сфати дека нема да победи. Две недели сите ја гураа, за да Констракта (зарем така и е името) за 24ч да направи бум и влезе во трката како фаворит. Поштено си ги изми рацете, ги наброја сите проблеми со слезината и победи. Инаку не победува на Евровизија песната како не сфативме, туку оригиналноста. А ние за Викторче ќе се по тепавме да не оди да не не избрука.
ЦЕЛА ЕВРОВИЗИЈА НАПРАВИЈА СРБИВЕ! Јас мислам и да победиме ние некогаш на Евровизија, ќе се побрукаме кога ќе треба да сме домаќини. Поарно да не победиме. А и уште нешто ме интересира, дали Констракта ќе го земе легенот со вода и во Торино