Еве го и спотот заедно со уште две песни, евровизиската е у средина Неам видено нешто поуникатно и поарт да излезе од Балканов на Евровизија, се опседнав жими сѐ Иначе само уште Италија ја чув досега, кјут ми е дуото и емотивна песната, гледам и годинава се доста фаворизирани Ќе ги преслушам и останатите деновиве, уште ми е рано за евровизискиот хајп
Значи секоја чест на Сељо, ИКОНА СТАНА Кога рече водителот Евровизија знае да диктира тренодви, е Сељо е еден од нив, Годинава гледам некои се потрудиле да се уникатни и да го имаат Сељо моментот на терање свој филм и покажување нешто ново, невообичаено. СЕЉО ИНФЛУЕНСЕРИШТЕ
Ќе си измие рачиња оваа во Торино и толку. Ко шо е Србија со Русија, а Евровизија политичко шоу завиткано во музичка паковка, ништо нема да направи. Башка шо песната е жива глупост. Сакаат да испаднат интересни и не знаат шо да доизмислат. И пак не научивме која е тајната на Меган Маркл?!
Кога ги преслушав песните Констракта ми се допадна најмногу. Различно и оригинално, ама мислев дека нема шанси покрај Сара и Зорја. Арно ама, не очекував ваков сценски настап, и да, сакам оригиналност, ама оваа некако не знам дали ми се допаѓа баш. И сега не знам што да мислам за српската песна.
Вчера пред финалето за прв пат ги слушнав песните и Констракта во ум ми остана, мило ми е што победи, баш е оргинална, уникатна и успеа да привлече внимание. Добри се и песните на Зорја и Сара Јо ама се е веќе видено, мислам дека е доста од убавици, лепотици, полуголи крлеуши. Песната на Констракта (Ана и е името) е чиста вистина, може другиве беа вокално подобри ама оваа го руши цел систем. И да, чудна е типкава на прв поглед, затоа ми е јака
Сакав да победи Сара т.е сигурна бев дека ќе победи,искрено изборот беше помеѓу неа и Коснстракта најмногу ама ете не победи.Песната на Сара исто е мн заразна и има многу добар ритам а Констракта победи затоа што е нешто невидено до сега, со се песна,изглед па дури и сценски настап.Ни се допаѓало или не. Јас мислам дека ќе привлече внимание во Торино.
Што да коментираме, половина од пејачиве на Беовизија беа анонимуси а звучеа 100 пати подобро од неа.
Мене многу ми се свиѓа српската песна што ја пратија. Доста уникатно и интересно, се издвојуваше од останатите. Јас мислам дека ќе имаат некое добро место годинава.