„Уметница мора бити здрава“ - така е! Зошто уметникот треба да создава и промовира убавина, и да биде критичар на грдите појави во општеството. А како тоа ќе го оствари ако главна преокупација му е „тајната на здравата коса на ММ“, и како ќе критикува „вредности“ полни со гној ако и самиот е загноен. Констракта не оди на Евровизија да им пее по „евровизиски“, туку да одржи лекција. Во здрав дух - здраво тело!
Разбра некој што е финтата со косата на Меган Маркл? Мене ме копка… Btw Кејт Миделтом поубава коса има
Според Ана (пејачката на Констракта) Меган имала поубава и понегувана коса, а Кејт носела поубави шапки
Ми се свиѓа гласот и песната ама тремата ја убива. Да сум на нивно место во секој град во Мк ќе ја натерам да пее, за да се отпушти. За Српската имам само да кажам ужас. Ништо не ми се свиѓа. Самото тоа што не сум фан на ММ неможам да го поднесам текстот.
Јас гледав реакции на youtube за српскава песна и пошо ми е фаворит се вратив со некои мислења. Баш еден дечко, ќе оставам линк, вика дека е ретко да си шокиран од песна за Евровизија, пошто имаме видено буквално с е, секакви глупости, ама In Corpore Sano е баш next level. Колку убаво што на Евровизија ќе се види нешто ептен ново. Не само што е оргинална и чудна песната, дава критика за здравственото осигурување во Србија, значи не е ни празен текст. Песната е победничка и навивам за неа, само за жал на Констракта (за која многу би ми било мило да има успех), нема да дозволат да победи Србија заради поддршката кон Русија. Секако, апсолутно е masterpiece и нешто што ќе остане во историја на Евровизија.
Јас ко што разбрав песната на Констракта е сатирична. Satire е нешто ко некст левел на иронија/сарказам и уште не е толку проширено низ музиката, затоа и народот не ја сфаќа песната. Искрено јас за satire дознав лани од албумот на Лорд, кој беше доста критикуван како далеку од реалноста, меѓутоа Лорд после во едно интервју кажа дека некои од песните се сатирични и инспирирани од инфлуенсери и "здравиот живот" што ни го сервираат на инстаграм, што правеше смисла. Песната е кечи и искрено повеќе ми се допаѓа од на Сара. Не мислам дека на Сара е лоша, меѓутоа не е евровизиска од ниту еден аспект. Аца Лукас не знам што се занесува. Со хомофобијата веројатно ќе беше уапсен уште на онаа екскурзијата што ја имаат низ Европа пред настанот. Немаше ни да има прилика да настапува кутриот.
Многу длабоко сте навлегле во анализа на песната од Србија, искрено, јас еднаш ја чув, ништо не разбрав, не ми е ни забавна нешто. Може е до мене, ама пречуден концепт што не го сфаќам. Музиката е уметност што и без да ја разбереш (текстуално) треба да те допре, да предизвика нешто во тебе, ова предизвика само големо чудење кај мене што гледаат луѓево во песнава.