И мене така при првото слушање… Текстот е екстра, морам да признаам, ама ми фали малку catchy мелодија. Како и да е, ме интересира како ќе го пренесат текстот на публиката, зашто во тоа е и суштината на песната.
Сега сфатив дека коментирам тема за музика со аватар на Ирена Спасовска. Малце се покајав што пишав, пошто аватар сега не мењам, морам да си одговарам со @Bezimenka90
И јас така на прво слушање, се чудев. Ама има поента и тоа каква, прејако е смислена, и музиката не е случајно таква.
Со нетрпение чекам да го гледам настапот на Констракта, жената е генијална. Многу ми е мило што победи и што за промена ќе покажат нешто толку оригинално и необично Србите (веќе аман со чаршиски певалки). Полн погодок од идеја, смисла, концепт, сосема разбирливо дека пола нема да ја сфатат, но тотално е небитно. И посакувам висок пласман и да си остане вака оригинална и во тамошната изведба.
Леле Аца Лукас се запнал ќе ја тужи Констракта, наместена ѝ била победата, му украле гласови https://reporter.mk/balkankan/atsa-lukas-ke-tuzhi-pobedata-na-konstrakta-bila-namestena/ Не можам органски да го смислам човеков, одвратен до срж и физички, и со кич музичето што обично го праи, и со драмиве
Има добра поента песната. Се е многу добро осмислено според мене, изгледа модерно и нешто досега невидено од тоа што сме гледале на Евровизија.
Јас пак ја преслушав, едноставно не ја сфаќам песната, може е до мене. Не ми е ни музиката нешто за толку воодушевување. И што е поентата на песната? Ако тооолку длабока поента има Евровизија не е местото за тоа, таму содржајни песни никад не проаѓаат. Освен овие клишеата ко Proud
Вчера ја слушнав песната на Србија. Само таа сум ја чула и ја слушав пошто маж ми инсистираше. Искрено, многу ми се бендиса. Ептен е цинична и мава шамари.
За животот во средни години зборува. Ко автобиографска е. За нејзе. За плановите кои ги имавме, ама не ги остваривме, учила француски 12 година, никад нисам била у Паризу (парафразирам) За репетитивноста на настаните, скијамо, скијамо, пливамо, пливамо, једемо, једемо Да бидеш уметник, треба да си убава. Не е битно дали си здрава. Искривени вредности Ништожноста на постоењето и приказната што си ја продаваме сами на себе. Сума-сумарум, средовечна криза.
Мене ми е ...прелоша Текст 0 , везе нема.Ко на Викторче наш песната.Неговата ја испоругавте, оваа јака била.Океј, ствар на вкусови Мелодијата на почеток е мртвачница, после има некој хајп.Ја лично не можам вакви мртвачки песни да слушам.Сакам весели, да ме хајпне. Спот 0 Боже здравља.
Триптих ја слушав. Не само вториот дел. Делот што е на Евровизија е за животот на уметникот и нормализирањето на концептот 'убавината пред здравјето'. *ама добра поука е за младите: Ценете се себе си, пред се' друго! Она што сакате да го направите, она што го сонувате и посакувате, направете го денес! Не утре. Некогаш 'утре' никогаш не доаѓа. Зато, ДЕНЕС! ***Ќе ме банират и овде оти сум 'оф-топик'
На ироничен начин го претставува здравствениот крш систем во Србија. Исто и самата вика дека секој може и на свој начин да си најде поента, така да јас на повеќе начини ја разбрав лично песнава.
Јас првпат кога ја слушнав мислев дека песната е во врска со тоа што на познатите не им е дозволено да изгледаат лошо, без шминка, одма им се даваат дијагнози демек во име на здравје. Секако мене beatот и стилот на песната ме освои и настапот и сектата одпозади и се. Значењето во втор план. Констракта е гениј во секој смисол.
Песнава на Коннстракта од кога ја слушнав не ми излегува од глава, предобра!!! Нашата ми е онака, тапа малце, мислам убав текст, музика и све, ама нема некој таков ритмичен вајб, мене на Виктор ми беше полн погодок, и можеше одлична кореографија да се смисли и се. А вака песнава на Андреа што ќе прави само у место ќе стој и тоа е тоа.
Веројатно исти статии сме прочитале со Glowy. Ќе велев, покрај тоа, мислам дека ја споменала Меган дека таа била „отфрлената", а таа поддржувала такви луѓе, нешто во тој стил. @Celltica, овде напишаа супер интерпретации, еве ќе напишам јас како и колку успевам да сфатам од песната: Првиот дел/строфа го гледам како се замараме претежно со естетика. На пример, ако си поврзам со тоа што го пишав погоре, може да се каже дека наместо да се замараме за позадината на случувањата (дали со Меган Маркл - што и зошто ѝ се случило тоа, дали за сопствениот изглед - на што може да биде индикатор нештото (можеби некоја болест?); општо кои се причините зошто се случува нешто), ние гледаме многу поповршно, како изгледа однадвор, а не што има во „содржината". Вториот дел/строфа го гледам како продолжение на овој наратив. Дури и го сфаќам како да вели: фала Богу што срцето автоматски чука, не мора ние да се мачиме, да „работиме" за тоа. И онака не сме „амбициозни", се задоволуваме со минимумот, со баналното. На пример, кога вели: „I ne mora bolje, srce samo kuca", јас го сфаќам како да се однесува на луѓето што си живеат по пат на инерција, по пат на помал отпор, „само да се помине некако", што го живеат животот без врска, колку да се живее некако, без да го искусат со полни гради. Е следната строфа ја сфаќам како директна критика на здравствениот систем (веројатно во Србија уметниците не добиваат државно здравствено осигурување?!). Како да се лечи таа, зарем е невидлива, зарем е помалку вредна како човек за системот затоа што е уметник? И крајниот дел на латински го сфаќам малку како од друга перспектива: џабе ти е сѐ, и навидум здраво тело, кога психички и душевно не си океј, веројатно заради мислите со кои си преокупиран (а можеби и заради стресот дека утре ако имаш здравствен проблем, немаш пари да се лечиш, не те штити/ти помага државата?). Сфаќам дека сѐ ова што пишав нема кохезија и како секоја строфа да е засебна тема, ама така доживувам јас . А можеби и тоа укажува дека има повеќе начини да се интерпретира песната, зависи од која перспектива гледаш .
Така, капа и симнувам за колку различни тематики успеала да долови во 3 минути, баш има неколку, и плус во интервју рекла дека остава и простор за лична интерпретрација. Исто така, мислам дека настапот со опсесивно миење на рацете е поврзано со темата за ментално здравје како последните стихови, се трудиме за физичкото а го запоставуваме менталното.
Да ја вратам Алачки, можам и во музика и во кулинарство да коментирам. На тема, кога ќе се знаат сите песни? Јас чекам да излезат сите, па да ги преслушам и споделам импресии (читај: да промрчам).