Јас стварно разбирам сите сакаме да дадеме поддршка за ситуацијава Украина-Русија, ама Евровизија е место кај што се бира добар вокал и песна што ќе се слуша, а не ратно поле за да играме ‘ризик’. А овие што имаат пуштано пораки за Украина ако мислат дека вака дале поддршка за војната, алал да им е. Немам коментар, јас да бев во ваква ситуација (не дај Боже) немаше ни уста да ми се отвара, а камо ли да пеам на некој си квази фестивал додека некој ми ја распарчува државата. Абе аман!
Абе што ви е, народот си гласаше. Македонија и Србија си се наклонети кон Русија, ама народот низ Европа, не. Оти не сфатете дека народот ги гласеше како поддршка.
Абе дечки, хајпот и љубовта за Србија настрана, Украина има супер песна. Мене лично ми беше во топ 5, можеби не победничка, ама сепак не е само политика во случајов. Луѓето гласале за нив. Како и да е, мене фаворитот (Франција) ми заврши на претпоследно место. До толку сум баксуз значи
Не знам, @Ahoy така рече. Мислам во една од 5те држави што влегуваат директно ќе е сигурно ако нема можност во Украина, ама зошто баш таму не знам.
Евровизија на апарати годинава. Лани имаше некој шмек и бум атмосфера. Годинава беше како на именден. Чекаш последните гости да си заминат.
Мене ми се многу допаѓа песната и е баш евровизиска, ама реално жирито гласа вакви песни релативно добро само кога политички одговара на Евровизија. И не, немаше да добијат толку многу гласови од публика да не беше ради војната. Штознам, досадно беше да се гледа Евровизија кога веќе се знаеше крајот.