До лани не гледав околу 5..6 години чудово. И уште не ми е јасно а и не сум изгуглал... Како Австралија е во Европа.
Кој сака да речи дека Måneskin е политика или ради корона - само нека провери последната година шо се случва. Пошто најзаслужена и најчиста победа имаа. А дека за 1 место не се пласиравме ептен ме боли. Посреќна бев ко не знаев та информација.
Ја доведоа со кран до Европа. Шала на страна требаше да бидат гости за 60 годишницата на Евровизија и останаја пошо Австралија се големи фанови на Евровизија
А дали треба или дефинирано е зошто баш тие. Ете му зеле место на друг. По математиките тоа едно место за македонската претставничка. Догодина на друг. Ми звучи како да е Европско во фудбал и да учествува Аргентина.
Не бевме вака и лани 11? Скроз немаме среќа. Нека ни ја дадат нас Евровизијата догодина, бидејќи очигледно никогаш нема да ни се погодат коцките. @Ahoy, уште не ми објаснивте зошто Украина сменила песна.
Ако некој се знае со Андреа ве молам пренесете ѝ колкава поддршка ужива барем на форумов, многу гушки и бакнежи. Горди сме и со 11 место, Андреа беше феноменална вокално, сѐ друго е вина на МРТ и само на МРТ.
Не, подолу бевме лани. 15-16. Инаку Алина наводно незаконски влегла во Русија или нешто така, политички во секој случај. На крај самата се повлече.
Им се уарни дека многу другарчиња имаат како нивниот претставник. Австралија пред нас ќе влезе во ЕУ.