Абе не е проблемот сатирата што на пример многу одамна се користи за да се исмеваат општествени/политички појави и настани, туку некако не е како песна за на евровизија....? Мене лично ми звучи само како да седи и цитира, океј, сака да испрати порака, ама реално повеќето луѓе сакаме да си слушаме нешто певливо на ваков настан, мелодија малку.
И те како е catchy и певлива. А делот со вртење на дланките е вирален момент што секој може да го рекреира а тоа е важно на Евровизија.
Не знам, мене ми е ептен кечи, неколку дена ми се врти во глава "бити здрава" делот. На пример ланската на Русија иако имаше океј порака, никогаш не ја пуштив своеволно песната бидејќи не ми е убава на уше. Така да, во овој случај би рекол, вкус? А и лани Србија имаа денс песна, годинава не е лошо промена. Туку, одбраа ли од Кипар манекенка? Обично нивните песни највеќе ми се свиѓаат.
Кога сме на зараза со песнава спремам колоквиум за автономен нервен систем и цело време у глава си пеам дур учам velika je sreća što postoji autonomni nervni sistem . Тешка зараза ми е песнава значи деновиве...
Јас ептен се попарив дека Сара не отиде. Толку се хајпнав на песната, толку многу ја сакам девојката, абе срце ме стегна коа ги читаа поените. Хаос бев со емоции периодов и некако си ја пратев цела Беовизија за да си ги оттргнам мислите. Мене уште ми е најубава песна што беше на Беовизија, светски изгледаше и сцената и настапот и костумот, буквално како настап од Супер Бол да гледав. Втор фаворит ми беше Зорја, девојчето растури реално. Тоа што малку ни е смачено од балади не значи дека не беше најквалитетен вокал што настапи. Ниеден не може да ја стигне во способност за пеење, апсолутно нема разлика од студио верзијата со настапот во живо. Е сеа, како фан на Сара барем ми е ќеф што изгуби од најдобрата реално. Колку и да ми е криво, Констракта е ѕверотиња, апсолутно заслужено, ново, невообичаено, интересно, со емотивна и убава порака, со настап кој сигурно паѓа у очи. Не сакав да оди реално, ама па ни не ми е мака, квалитет си е квалитет и нема тука што. Да отидеше некој друг ќе бојкотирав годинава Ама вака барем спортски си изгуби и достоинствено си честиташе и се заблагодари на сите фанови. И не ја мемирајте аман, ќе ве потепам
Што ве читав ме закопка да ја слушнам и на Србија. Дефинитивно е уникатна. Сценски паѓа во очи и се памти настапот. Мислам дека и како песна е catchy, ама не во класичен евровизиски стил. Искрено, тешко дека од прво слушање некој ќе ја укапира целосно пораката на песната. Од друга страна па ретко кој само по еднаш ги слуша додека дојде до настап. Јас ја сфаќам повеќе како да сака да ја пренесе иронијата дека уметнициве треба да се секогаш средени и убави (а убавината доаѓа од здравјето, како што и кажува во текстот), ама никој не го есапи менталното здравје. Баш тоа го кажува и на крајот. Демек само биди убава и терај механички на сцена, никој не се замара за се друго како влијае на психа. Од 2 слушања толку можам само да заклучам.
Доколку на Андреа настапот на Евровизија и е ист како на Live on tape што снимаа во Србија, дефинитивно не влегува во финале. Од тоа што видов, премногу basic и монотоно. Искрено се надевам дека нема да е така, вокално не е лоша, ама ако сценскиот настап не го погодат нема ни 10% шанси за влез во финале.
Баш е заразна српската песна, ептен ми се уврте во глава она бити здрава и боже здравје. Ама, има и некоја иритирачка нота ако се слуша малку подолго. Сепак, нешто различно и интересно е настапот е одличен. Нашата песна е бледа и невпечатлива, никоја друга засега ми нема запнато за уво.
Излезе песната на Кипар. Дали звучи ко скроз истата песна веќе да ја имаме чуено на Евровизија? Да. Дали ми е гајле? Не. Двапати ја чув и веќе ми е во глава. Преубав глас има девојкава.
Браво за српскиот избор. Искрено ваквите перформанси се “купени” од Европа, и ништо чудно да заврши на високо место. А и Сара и Зорја беа одлични. А за Македонија.. па добро бе, ја слушав live верзијата. У Ж А С. Кај песната е meh рамна линија, веќе видено, слушнато, кај девојчево нема харизма и сексапил, па барем вокално добро да се покажеше. Непростливи фалшови во рефренот, голема трема, нула енергија. Не дека имаше добри против кандидати, ама мислам дека и со Супермен подобро ќе поминевме, барем на смеа на шала. И Лара имаше подобра песна. Не ми е јасно кое е девојчево и зошто го бутаат, зашто народот вака не гласаше, туку “стручното жири” ја избра?