Сега откако легнаа впечатоците МАЛКУ, за In Corpore Sano да си кажам. Србите знаат да направат таква победничка атмосфера, значи секоја им чест. Ама годинава и не беа само Србите, беше цела Европа, што всушност се докажа и по гласовите на публиката. И покрај тоа што ми беше јасно дека не можат да постигнат топ 5 со жири, зашто барем толку треба за победа, се најдов во едно торнадо од навивање за нив и со спонтаноста на Констракта, не ми е воопшто жал што навивав за Глибовац 2023. Песната е уметност. Настапот е уметност. Констракта е уметност. И јазикот им е уметност, ама е неразбирлив за пошироката публика. Тоа е причината зошто немаа 300+ поени од публиката. И овие 220 поени се ОДЛИЧНИ, имајќи предвид сè. Понатака, песната не е за жири наменета. Всушност ни за Евровизија не беше наменета, туку за лична промоција на Констракта во Србија преку Беовизија. Кога победи таму, првата реакција и беше: Јеботе, шта чу сад?! Во секој случај, ова е огромен успех за нив. За песна која што не е на Англиски и ја разбираме само ние во екс-Ју, плус фановите што ја знаат уште од март. Констракта е веќе препозната и ако го искористи ова правилно, не е далеку од предобра кариера. Честитки. Србите се на добар пат за повторна победа со Ања како шеф на делегација повторно. Го гледаме ова од лани и на дело. У име здравља, очекувам во наредниве 2-3 години и вистина да победат
Како што кажав и јас, србите за разлика од нас, секоја година дигаат hype за нивните претставници. Ама ние сме многу патриотски расположени па не си ја поддржуваме нашата
А и да не заборавам, honorable mention до мојата една и единствена Amanda Tenfjord (Slayfjord) We can die together and it wouldn't be a problem
Србија 1 поен од жири 8 поени од српската публика Црна Гора 1 поен од жири 10 поени од црногорската публика
Ова е една од работите што највеќе ме нервираат. Србите СЕКОЈА година се лутат зошто не сме и дале 12 поени, а нашите соседи скоро па никогаш не ни даваат 12. Мислам... Од Германија и Чешка добивме повеќе.
Alagić Jelena Tomašević Mari Mari Miloš Luka Roganović Srđan Marjanovic (Србија) За Црна Гора нема инфо.
In Corpore Sano е со многу длабока порака која што требаше да биде широко позната за да биде гласана. Да работеше тоа сонцето во позадина, може ќе имаа преведено на Лед, а не како subtitles кои ретко кој ги виде. Марија победи од жири, а на Ана тоа и фалеше.
Леле дај не ја тупи човече, не е исто да бидеш трето од публика и да бидеш ПОСЛЕДНО ОД ПУБЛИКА, значи Н У Л А поени има Азербејџан, разбираш што е нула?
Јас не се жалам. Србија не доби гласови од жири, ама затоа публиката си го кажа своето. Исто ни Украина не котираше нешто премногу според жири, па сепак публиката јасно кажа што мисли. Верувам дека и за Констракта и за Калуш е тоа најбитното, затоа што на крајот на денот, песните ги прават за публиката, не за 5 души или колку и да се во жири. Ниту една од двете песни не е обична, нормална да речам песна, двете имаат длабоки пораки и апсолутно немам замерка што Украина победи, иако Констракта според мене сосема неправдено беше саботирана од жири комисиите. Британецот мене ми е веч виџено, Шанел беше ок, Шведска веч виџено, од 12киве единствено се согласувам за тие за Грција затоа што навистина е прекрасна песната. Во секој случај, не победи некој од сите овие мех што беа, секоја песна една на друга ми личеше. И спешл меншн за Молдавија, опа иха расположение на ниво. Се надевам дека догодина ќе има можност Украина да си биде домаќин, а не ВБ.
Ова го тупиш по дома можиш, инаку сфати дека и едните и другите одат напред само со гласовите од жирито, исто е, не е битно колкава е бројката од публика
А вака гласаше Македонија во финалето: 12 поени за Србија; 10 поени за Шпанија; 8 поени за Украина; 7 за Молдавија; 6 за Италија; 5 за Чешка; 4 за Шведска; 3 за Естонија; 2 за Норвешка; и 1 за Литавија.