Жал ми е за Сем, ми беше фаворит после Констракта ама јасно ко ден беше за Украинците. Го следам одамна на инстаграм и дечкото е врв знае да препее од Квин до Адел беспрекорно. Каков талент човече а и песната и настапот не му беа лоши. Се изненадив за Франција и Грција, мислев дека ќе имаат подобар пласман. Романија ме врати едно 12 години назад <3 Шпанија преценета, ништо посебно. Италија океј песна ама исто преценета за пласманот. Се сеќавате на украинската песна што победи пред неколку години? Ни јас. Епа така и оваа година. Мислам дека ќе се вртат доста песни ама украинската нема да е една од нив. Сељо лани ми беше едно 200 пати подобра.
Сега се осеќам малце горчливо и нејќам Србија да победи пак на Евровизија, пошо секогаш ќе се сеќам на Констракта и колку сепак заслужуваше таа да ја носи втората победа на Србија... ех.
Како и да е супер дружба, јас се изнасмеав со коментарите Ми фалеше @RedRevolution на темава, беше доста активна на минатите евровизии чао!
27 место од 40 , не е лошо а и 11 во полуфиналната вечер сепак не сме блиску до последно или лошо како што очекувавме.
Марија пееше српски, него промо и фураа на сто јазици Лани не знам Манескин не ми се мој тип, а Украинците покрај што имаа catchy песна, имаше и друга порака општата поддршка
Буквално и јас. А толку ја напаѓав и ја критикував дека демек била со врски. Криво ми е сега. Она најдобро не престави. Се надевам дека во иднина ќе се поусовршиме малку.
И покрај тоа што треба да учам за колквиуми јас си гледав Евровизија и следев коментари во групава. Лично мене од вечерва после песната на Србија, исто од ум не може да ми излезе и песната на Португалија, закон ми беа и двете.