Ја игнорираа. Па дури и ја плукаа јавно. Девојката имаше анти кампања од сопствената држава. А е страшно моќен вокал. Еден дали сподели за нејзе. Срамота. Констракта, точно имаше необична песна, рецитираше, ама и имаше многу јака промоција. И дијаспората им гласа. Нашата, плукаше, им го фрлила знамето на патриотите со бугарски пасоши.
Не знам колку тоа гледаат процентуално, ама еве јас за мене лично ќе кажам гледам од досада демек нешто се дешава пак ај да видиме шо е, ако ја нема или не учествуваме ич нема да ми биди криво, претпоставувам и другите така.
Според мене: 1. Треба да се укине или некако прилагоди гласањето на жири зашто речиси секогаш постои пристрасност и наклонетост кон соседните земји без разлика на квалитетот на песната. 2. Песната на Украина е супер, но сите знаеме зошто многумина од тие шо гласаа, гласаа баш за таа земја. Затоа можеби најпамето ќе беше Украина да не учествува годинава, но како и да е честитки до нив. 3. Правилата да важат за сите! Сите шо се обидоа да шират политичка пропаганда да бида строго санкционирани, а не како шо им одговара на организаторите.
Те сфаќам ама можиш попаметно да го искористиш времето ако толку не чини Евровизија. Плус едно е од досада да брчи во позадина, друго е секоја година истите глупи коментари. Не ти, општо. Ќе гледаме ние 10 души овде на темата Педеровизија и Политиковизија и доста е. Мазохизам е да гледаш, а да ти смета то шо го гледаш.
Хах, имав 4 сигурни фаворити за вечерта од кои три ми завршија на првите три позиции, притоа главниот ми победи. Ова прв пат ми се случува И Украина ми беше врв и Англичанецот супер испеа, а Шанел изигра топ, уште Молдавија да завршеше малку повисоко... а хејтерите кои се жалат од политизираност, додека самите политизираат, нека лаат слободно. Презадоволна од резултатите и од полуфиналните вечери, од сите можни балади во финале - јок, тоа не им требаше. Спојлер Франција колку ја хајпуваа фанови, не очекував така лош пласман, изгледа дека луѓето пишуваат коментари на Интернет, наместо да гласаат. До душа песната е како од цртан филм, мене не знам дали ми се допаѓа малку или не ми се допаѓа ич и е полоша од Италија.
Па кога веќе настанот го форсираат секаде портали, социјални мрежи, тв емисии... колку и да не сакаш ќе бидиш во тек со тоа шо се дешава, потоа се претставува држава со претставник платен со народни пари и тоа влијај врз интересот, и на се тоа кога ќе се случат работи какви шо се случија нормално е да има и револт кај народот и да го кажат своето мислење, е сега дали се сложуваме со тие мислења или не тоа е веќе личен став.
Се одвикнав ептен од форумов и реков нема ич да се уклучувам, ама наминав само за да искоментирам впечатоци на едно место Мене најголем фаворит ми беше Франција, многу ми е криво за нив, очекував да бидат доста потценети ама у смисла околу 15то место како што беше предвидено на обложувалниците, не претпоследно со факинг 17 поени :') Alvan & Ahez имаа сѐ што треба за автентичен евровизиски настап - пееја на регионален јазик, ја претставија својата култура, адаптираа народна приказна со мистична порака за женска еманципација, дури и визуелните ефекти ги искористија на предобар начин. Алван е толку енергично и мултиталентирано човече, се надевам дека заедно со девојкиве знаат колку се посебни и покрај глупиве резултати За Констракта се осеќав како да нѐ претставува цел Балкан во финалево, и тоа го направи на предобар начин. Секоја чест на пораката што ја испрати и целокупното приземно однесување, права уметница Ако некој од соседите некогаш стварно ги заслужувал нашите 12 поени не само по соседска линија, тогаш за мене тоа е Констракта... ама јебига. Украина... со Go_A лани беше многу подобра, Stefania само ми влегува во глава, ама ја сфаќам пристрасноста на луѓето, реално. И редно е да се израдува тој народ и да слави за нешто по толку страдања. Повеќе не би коментирала Монескин блескаа како и лани, многу се изнасмеав на shady коментарот за циркузот со дрогите Дамиано душа беше со повредата А и да, после драмата со знаменцето и сите гнасни коментари за Андреа, мислам дека стварно не треба повеќе повеќе да учествуваме. Не заслужува народов повеќе млади уметници за изживување, малтретирање и исфрлање националистички фрустрации. Толку
Уште еднаш се докажа кое политичко срање е целиот настан. Не го ни гледав бидејќи не ми се губеше време џабе, јасно беше кој ќе победи. Ништо немам против никоја земја ама песната од Украина е далеку од најдобра, барем од оние кои успеав да ги слушнам. Но, и онака таму не се гледа квалитет. Под итно треба да се прекрати таа глупост со нашето учество, и онака секоја година сме меѓу последните. Најдобра песна и најдобар пејач да испратиме исто ни се фаќа, таму се гледа државата.
Ај те молам просветли ме каква порака испрати, јас уште не можам да сфатам ? Го прочитав текстот и никако да сфатам…
Баш сум сигурна дека на народот, обичниот народ во војна што изгубил дом или полошо близок, баш му е битна победата на Евровизија.
Сара Јо иако во разголен стил, мене барем ми делуваше сепак покултивирано од шпанкана. Лани не се сеќавам каков бил настапот на Азербејџан, ретко гледам Евровозија, годинава гледав ради Србија,ние и онака не настапуваме. Инаку, настанов е чиста политика, мислам излишен е секој понатамошен коментар. Дефинитивно ми фали Евровизија од моето детство кога цело семејство ќе се квакневме пред ТВ, татко ми снимаше на касета, па со братучека ми по сто пати ја гледавме цело претсојно лето на летен распуст
Да се потврдам и да се надоврзам.. Од секогаш Евровизија е политика. Гласовни способности, школовани гласови...тоа нема улога тука. 30 години наназад ,откога ја следам, секогаш ШвеЦка, Норвешка,Финска и Данска....Срвија, Мкд, Црна Гора...Кипар, Грција...тоа се групите кои си доделуваат 12ки. Просто е: моментална политичка ситуација + добро шоу.
Ни гледав Евровизија, но знаев кој пее како пее ни што песни има годинава. Ама уште пред 2 недели реков Украина ќе победи. Евровизија веќе нема смисла.
Не сфаќам како Германија освои последно место, пола што се пред него полоша песна и настап имаа. Песната на Украина ми беше омилена, така да не ми пречи што победи, ама очигледно е дека е политичка местенка со гласовите.
Македонија со 76 поени 27 место, Хрватска пред нас со 75.Нешто не ми е јасно. Еве гледаш, годинава не сме. 26 место од 40 држави. Толку малку не дели од финале. Наместо да посакувате секоја година да се подобруваме, вие само тоа знаете, да не учествуваме, за џабе фрлени пари, глупост е. Доколку ви е глупост, не гледајте. Толку едноставно.