1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2022

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 23 мај 2021.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Австралиецот носел костим составен од 90000 камења кои тежеле 38 кг (појма немам какви),на сцена се појави само со маска на лицето и додаток од бели пердуви кои се влечеа.
    ШОУ.

    И сите беа ориентирани на ШоУ.

    Криво ми е, ние и Пласидо Доминго да го пратиме, нели сам на сцена со лош стајлинг ( према критичарите, иначе мене ми е прифатлив), со фацијална експресија Божем рака ти сечат (и ова е од нет) и лаичко однееување....
    ..џабе е.

    Мора да се нагажира МРТВ.
    Или нека се откажеме од учество зашто каузата "важно е да се учествува" е досадна.
     
    На Abel, senjorita-v, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Јас уште сум толку нервозна што се мислам дали да се инвестирам в година и да гледам. Шамар за сите ние што навистина сакаме музика, што следевме и знаеме цела trivia за сите држави и песни.

    Омилен настан ми е, ама толку сум лута што не знам дали ќе можам.
     
    На Bella •••, GothicViolet, Hellobeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    Не им се дешава ништо у животот. Никнуваат да просераваат секоја година за Евровизија за да добијат внимание и да се осетат дека се демек релевантни. А во суштина на никој не му е гајле за нивното мислење.
     
    На CameliaMiller, staycalm, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    100% си во право.
    За некоја година ќе стане "поле за политички натпревар".

    ....е тоа се искривените вредности кои се на цена веќе 15 години.
    Несакам во вакви убави теми и настани да мешам локална и глобална политика, ама за жал не миновно е
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.789
    Пол:
    Женски
    Ае добро утро.
    Години наназад Евровизија е политички водена, не знам што се чудите ко да е нешто ново
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не треба да има поени од жири иако знам дека тука е клучниот момент на политика. Мислам дека е срамота уште една година да гледаме како се добацуваат Грција и Кипар и сите слични здруженија, а ние ко што сме глупави не ни ја добацивме топката како што треба - ако веќе сме вклучени во таа политика.

    Само не сфаќам дали продукцијата на Евровизија го собира жирито и се договараат на кои држави да се фокусираат таа година затоа што уште не можам да верувам дека случајно толкав број на држави високо ја рангира ебана Шпанија. Жирито не сака такви песни, да сакаше барем константни ќе беа со гласовите, ама жирито дава поени на тешки фолклори, заебанции, сексота само кога така им одговара. И нема споредба со Фуего пошто тоа е песмиште, оваа на Шпанија е стриктно за денсање, сори.

    Треба да се јавуваат државите како што прават до сега ама да ги кажуваат поените од публиката во посебните држави и тие да се собираат за победа. Мислам дека е еднакво возбудливо.

    А вака мислам нема логика никако, ем договорено, ем политика, ем субјективно гласање како и да ја свртиш работата. Треба да им е више срам на луѓето да ги читаат тие поени.
     
    На Hellobeautiful, Ugly Duckling, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Kriticarka

    Kriticarka Нов член

    Се зачлени на:
    11 мај 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    21
    Зборувате за политичка местенка, а Украина победи од телевоутингот. И тоа со огромна бодовна предност. Значи граѓаните од дома од скоро сите држави дале најмногу бодови за Украина. Зошто е тоа така?
    Моментално имаш Украинци низ цела Европа. За нив Евровизија од секогаш била голема работа. Со песна која е "патриотска" дури и за тие што не следеле Евровизија е на еден начин обединување. Сигурно сите Украинци што се по различни делови од Европа масивно гласале за Украина. Сите кои во овој период се зближиле со некој од Украина знаат колку им значи ова обединување, па веројатно исто гласале за Украина. На крај, ги имаш сите оние на кои навистина им се допаднала песната, оти let's face it, не е толку лоша.
    Да беше прва од жири, сфаќам да се збори за местенки, овде имате милиони гледачи кои самостојно одлучиле да да дадат поддршка на Украина.
     
    На _beautyy_, Flower27, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.815
    Пол:
    Женски
    И гласови од публика може да се местат.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ohridskoezeromkd

    ohridskoezeromkd Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Ме интересира, како?
     
  10. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    2.068
    Читав коменри на темата Евровизија 2019 година и гласањето од таа година. Убави спомени. :D
     
    На Indiegurl, Waverly Raven, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.789
    Пол:
    Женски
    Па и телевоиутингот има политичка позадина некогаш. Сите сочувствуваат со Украина и ајде од сожалување.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.400
    Допаѓања:
    200.922
    Пол:
    Женски
    Од погрешни причини победи Украина, од погрешни причини меѓу првите е Србија. Немам ништо против, ама не се гласа за песната, се гласа поради ситуацијата (во првиот случај) и поради уникатноста (во вториот случај). А не дека ги разбрал некој песните. Јасно е зошто Шпанија беше меѓу првите, а песната беше рандом тралалајка. Сѐ почесто победници на Евровизија се бираат од погрешни причини, ама тоа е, такви сме како општество. Чест на исклучоци кога навистина добри песни победиле и останале хитови низ годините. Овие денешниве до следна година ќе се заборават.

    Немав фаворити, па не се ни разочарав нешто посебно. Ама не сфаќам како земја сред војна праќа песна на Евровизија и победува. Ни на крај памет не би ми била Евровизија со она што моментално се случува кај нив. И на други начини може да се пренесат пораки.

    Криво ми е за Андреа, имаше солидна песна и настап. Ама сопствениот народ ја исплука, што да очекувам повеќе.
     
    На eli25, Elennaa, Waverly Raven и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    И мене не ми е јасно како Франција со толку малку поени поминаа. Покрај Констракта, они ми беа држава со супер комбинација на песна и настап.
    Вака без врска се чувствував исто ко Јамала кога победи пред колку години и да беше.

    Догодина потврдено ли е дека ќе биде во Британија? Британци се actually ептен funny народ. :lol:
    [​IMG]
     
    На Hellobeautiful, sweet-cherry, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  14. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    2.340
    Оваа Евровизија веќе не личи на ништо, порано некако беше интересно не дека тогаш не се местело, ама ова тотално без врска, како да се знаеше кој ќе победи, глупости
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Констракта погрешна година учествуваше..
     
    На oblace1, Biljarkata и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Укуцај на гугл, имаш милион помалку или повеќе точни интерпретации. Едно интервју петминутно пушти, исто ќе чуеш.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.789
    Пол:
    Женски
    Констракта па, да е моќна песната ама Евровизија не треба да биде место каде што посрцепарајуча или пошокантна порака ќе пратиш или ќе мериш кој пореална слика у општеството ќе прикаже за историја, сиромаштија, класна поделба. Низ годиниве Лорди, Елена Папаризу, Руслана, Манс Земерлов...се истакнале со добар вокал, костимографија, кореографија, креативност...знаеле да останат запаметени а да не пеат колку е труло општеството.
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Овие што "не пратев, ама..." се милина за читање вака уз кафе посабајлечки.
    Помина помалку или повеќе очекувано, за мене остануваат омилените балалајки, Португалија, Австралија, Грција, Холандија.... и секако Констракта, сега чекам концерт на Земља Грува и се надевам дека ова им е шансата да го уновчат својот труд и да го унапредат Грувленд за да ни подарат уште прекрасни музики :l:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    2.068
    Констракта во две минути ги постави сите прашања кои еден просечен Балканец го преокупираат во денот. И веројатно не само Балканец, со оглед на пандемијата и светската криза со која се соочува човештвото. Втора по гласови од публика, после Украина (чиишто мнозинство гласови се од солидарност со украинскиот народ), што значи дека е прва од телевоутинг. Гласањето од жирито, едно добри 80% е политика. Се она што не е кралска држава, не е поврзано со гас и нафта, и други ресурси, треба да е екстремно, екстремно добро за да добива гласови од жирито. И тоа, онака просечни гласови.

    Украина знаев дека ќе победе. Песната е океј, не можам да кажам дека е лоша. Ама не е бе за победник и посебно не можам да сфатам како претставниците добиле специјална дозвола за настап на евровизија, за да по завршувањето пак се вратат назад во Украина и да продолжат со војната. Сериозно? Ако има војна во државата последно нешто на кое ќе помислувам е победа на Евровизија. Значи пари за настап на Евровизија, додека мнозинството од населението таму моментално им е без храна и вода. Ама ок, да не си им во кожа. Честитки.

    Требаше Англија да победи. Најдобар беше Сем, а јас сум неговиот нов фан.

    Шпанија ништо посебно не беше, освен што стварно беше атрактивна и згодна нивната претставничка. И убаво играеше.
     
    На GothicViolet, sweet-cherry и Glowy им се допаѓа ова.