Па нели Европа е солидарна? Може да им платат дел од трошоците, или ако се откажеа за годинава, да не плаќаат ништо.Или солидарни се само оружје коа треба да се праќа? Нејсе.. Него до наредна година ќе видиме како ќе се тера.Камче им нема останато на улиците, кузнае кај ќе се одржава..Ако продужи ситуацијава уште некое време, тешко дека ќе реконстурираат сѐ до наредна година
Не знам каков став да имам за Украина, се согласувам и со едните и другите. Океј е победата како индиректна поддршка, ама не е фер кон другите артисти кои беа подобри. Реално мене ми е побитно шоуто и целокупната убава атмосфера околу изборов отколку кој победил. Инаку најсмешно ми е како пола Македонија не гледа сатанска педеровизија ама на сите објави има минимум 100 коментари како е срање и они не гледаат. Многу замарање за нешто што не го сакаат.
Генерално една од послаби Евровизии. За три дена ќе се заборават песните. Нема да се заборави што Андреа се исплука од сопствениот народ и што место за неа се сечеа вени за Констракта. Тоа е се што треба да се знае за нашиот народ. И не треба да праќаме повеќе. Инаку и БИХ и Хрватска учествува на Евровизија додека траеше војната на нивни простори.
Имало ситуации каде Евровизијата не се одржувала во победничката држава. Во ваков случај, може Британија да се пријави како домаќин како второпласирана држава.
Искрено околу мене никој не гледа. Дури дома ми рекоа што губиш 5 саата на глупости, Евровизија одамна е жива досада. Пред неколку години и ја прекинав да гледам, па нешто ќе ти искочи на јт, ќе прочиташ статии и ќе си у тек и да не гледаш. Ама интересно беше лани ради Maneskin и во темава ми бевте интересни, па ајде со виртуелно друштво и затоа гледав годинава. Фемина е крива. А, реално одамна изгуби таква популарност Евровизија ко порано шо имала.
Не знам дали навистина толку ви се пуни душата што не победила Констракта, ама луѓето што пратат ситуација, знаат дека беше извесно дека нема да се случи победа, повторно од политички причини, и така е како е. Поддршката на Европа кон Украина е супер, штета што истата недостасува кон Палестина, или пак кон рускиот народ кој исто така ја поддржува Украина, ама пустите, заглавени во политичките игри, трпат исклучување и забрани во сите сфери. Дали е рецитал или не, прашање на вкус е и не е одлучувачки момент.
Лелеле дојде тој ден апсолутно целосно да се согласам со твое мислење Евровизија ги сплотува и најголемите непријатели
И околу мене не се огромни фанови, само финале гледаат онака додека настапуваат пејачиве тие 1-2 саати. Но ете целокупниот впечаток за Мк народ ми е тој.... Инаку и јас благодарение на фемина загледав убаво, порано исто и јас само за финале седнував. * * * Да додадам, баш би ми било криво доколку веќе не праќаме учесници. Имам надеж дека некогаш ќе погодиме прејака песна и настап. Хахахахаха Ама не си ми непријател.
Дали реков еднаш дека вие уствари се сакате? И тоа баш на темава, сосема Евровизиски, мир во светот итн итн
Јас сум океј што победи Украина, не беа уау, ама со оглед на тоа што никој не се издвојуваше ептен ептен, во ред е за мене што народот покажа солидарност на овој начин за тоа што се случува таму. Солидарност не е сожалување. Друго, сериозни сте со Србија? Песната ниту е певлива, бит просек, а текстот не би да го коментирам. Франција и Финска беа подобри. Кога сме кај нив, сакам да адресирам друго нешто. Мислам дека државите треба да се претставуваат со песни на англиски јазик. Зошто? За да можат да бидат разбрани песните, и настапите по објективно оценети од јавноста. Можеби така ќе се изгуби делумно идејата на Евровизија, ама што ако си уникатен кога не си разбран? Франција и Финска, се пример таа година. Направија голем хајп, ама енергијата се предава додека е настапот, а чуство без рационална мисла не дава резултат. Да беа разбрани песните, ако беа добри, со ефектот од настапите, можеа да котираат многу повисоко. Украина исто годинава со приглупа песна како лани, тие беа лани со гракање на една девојка ако не се лажам. Песната годинава за прв пат ја слушнав вчера на настапот вчера. Не ме воодушеви, не ја разбрав. Прогуглав, со превод се губи и нема поента вооп. Ама ќе ја слушам ради името. Не знам дали ПР и маркетингови стратези учествуваат во подготовките на настапот на државите, ама треба, и треба да многу добри во браншата.
Ај уште еднаш пиши, можда не е доволно јасно. Андреа доби многу поддршка во оваа тема, така што твојот хејт насочен кон други изведувачи, не се твојата поддршка кон Андреа, туку само хејт кон Констракта. Што е, во најмала рака смешно.
Тоа што ти имаш анимозитет очигледен кон Србија и тоа на сите теми не значи дека песната и концептот не беа предобри.
Леле ова е најдоброто нешто што се појавило на евровизиска сцена!!! Леле стејкалме, дали у нашето помирување е на повидок?!?
Целиот муабет на оваа тема што вреди да биде направен си го кажала Од збор до збор исто мислење имам и уште би додала за жири водството на Тамара кога не' претставуваше, "сигурно" ради песната беше, ни "случајно" немаше врска тоа што таа се потрефи да биде прв претставник на Северна