Молам? Песната не беше за музички фестивал каде што треба да пееш. Само хајп никаков квалитет,ни композициа ни вокал. Впрочем затоа и беше лошо оценета од жирито.
Дефинирај пеење. Оти се плашам дека по твојата дефиниција ни манескин ни лорди не пееја, а ни украинците годинава богами.
Не си иди самата у контра, ако работите се одвиваат така како што ти пишуваш, тогаш жирито ич па не ја цени песната на Андреа пошто таа ниту во финале не влезе. И исто така како што ти ја поддржуваш Андреа, а жирито не, така некој друг ја поддржува Констракта, некој трет Украина и така со ред.
Не моли, очигледно е колку мразиш се поврзано со Србија на сите теми. За тоа и беше и банирана во друга тема. Ако никој не ти кажал директно досега, еве јас ќе ти кажам, ептен се примеќа. Песна е олабави, ако не ти се свиѓа не ја слушаш. Ако тебе ти се свиѓала нашата, а не српската, на повеќето им е обратно и тоа е тоа. Вкус. А ти тука се намачи да ја понижиш песната и тоа од очигледно некоја лична нетрпеливост кон земјата.
Андреа имаше повеќе гласови од жири отколку од публика. ствар на вкус, да излезеше пејачка со вокал и композиција,ајде,па и Жељко пак да го пратеа ама ова театар и пеење во иста линија. Циркузирање ,ништо повеќе. Затоа од жири поени само од екс ју и швицарскс дијаспора(политика исто) @Biljarkata Не ги споредувај пеењето и песната на Манескин со Констракта. Неспоредливо.
Во 2019 исланѓаните платија казна од 5.000 евра ради прикажување на палестинско знаме и кршење на правилото за мешање на политика. Таа година Евровизија се одржа во Израел, додека истовремено истите рокаа(т) ракети во Палестина и некогаш не биле банирани од Евровизија. Fast forward to today: Од песните Шведска ми беше најокеј. Велика Британија досадна, ништо ново, ништо интересно.
Не можам да ве сфатам дека ви смета моментот што народот им даде некоја причина за среќа на украинскиот народ во овие моменти? Кој остана оштетен? Зар има од нив повеќе оштетени. Констракта беше добра, патем и јас навивав за нејзе, ама дека беше најдоброто нешто пратено на Евровизија, не беше. Просек, интересен настап, тема, и тоа е тоа. Имало песни кои растуриле, ама годинава беше прилично слаба. Толку жалење не чувствувате кон нашиот преставник, колку кон српскиот, а ако зборуваме за квалитет на песната и вокални способности, Андреа беше подобра.
Море колку сакав Констракта да победи и не толку од љубов кон северниот ни сосед, колку што е права песна во право време. Тема која зборува за трулиот здравствен систем во повеќето општества, за опседнатоста со физикусот наспроти духот, за тоа што подразбираме сите ние под здравје вусшност, па пародија на пандемијата и сета таа опседнатост со хигиена, а самиот сценски настап, распоредот на изведувачите, а оној мрачен момент и рецитирањето на латински, само дополнително ја зачини изведбата... И самата „храборост" да се појави во тоа издание, навидум едноставно, а толку впечатливо наспроти атрактивните, разголени, дречливи и размавтани костими е еден голем плус. Ако некоја песна на Евровизија навистина имала порака, издржана порака, тоа е оваа.
Не вовлекувај политички дискусии без потреба. Песната на Констракта е 0 квалитет. Ајде оди сега сечи вени што не победи.
Наместо да се расправате цело време за Србија и нивната песна, расправајте се за фактот што на Андреа не и пруживте никаква поддршка споредбено со Србија!!!
Не заслужуваше никаква подршка, девојчево според мене не е родена за сцена, без харизма, и никаков контакт со публика… кратко кажано дно дна
Дно дна ти е тебе мислењево, а не Андреа. Еден од подобрите вокални настапи (после Тамара) ги имавме со Андреа. А за харизма и комуникација да не збориме, НАЈДОБРА од сите наши претставници беше на интервјуа.
Не манипулирај со Украина Јуле, неам пет години јас. Не извртувај. Кој е тој наш претставник??? Како знаеш дека Андреа е мој претставник?? На форумов чистокрвни само смеат да пишуваат, извод од матична книга да не треба? Зашто воопшто ги споредуваш Констракта и Андреа кога двете не ни пееја во иста вечер, Андреа не влезе во финале? Аргументиве ти се за во второ одделение. И постојат многу други начини да го пофалиш "твојот,", а тоа не е да му се пос***еш на "туѓиот". Али хеј, секој одлучува за себе.
Е како не бе, јас баш на темава добив впечаток дека имаше поддршка Андреа, ја гледавме, ја куражевме. Тоа што збори "народот" не е дел од оваа тема, впрочем ботови има секаде.
Во постот шо ми го цитираше ни Констракта ни Андреа ги споменав. Пак ќе напоменам, доколку им претставува задоволство и светлина на крајот од тунелот на украинскиот народ победава на евровизија, тоа многу го почитувам и им посакувам уште поголема поддршка од Европа, не само победа на евровизија.
Пред настапот Андреа не доби никаква поддршка ниту од народот ниту пак од други пејачи, и тоа е факт. После настапот се појави некоја поддршка од мал дел од народот, "колегите" пак абер немаа. Споредбено со Србија, ова беше мизерно. А србите, шпанците, албанците и украинците очи копаат на секој што ќе кажеше лош збор за нивните претставници, со месеци наназад.
Апсолутно не треба да се пеат песните на Англиски само. Јас чак што више да бирам никогаш не би пуштила песна на Англиски. И да не го разбирам нечив јазик, атмосферата, презентацијата, вокалите ми ја прават. Еве годинава Франција абер немав што зборат на Бретонски, па песната пак ми беше во највисоките. Шпанската исто, лани Барбара Прави со Voila ме мрдна, Манескин ништо не ги разбиравме па пак успеаа да не побудалат сите. Годинава Холандија не ги разбрав ни еден збор, ама прочитав дека девојката пробала 2 пати да се самоубие, со дијагностицирани биполоарно растројство, депресија, аудитивни халуцинации и анксиозност па можев и јас да се соочувствувам со неа. И ние не знам што сме запнати само на Англиски да праќаме песни кога имаме ПРЕУБАВ јазик. Македонскиот е толку милозвучен, толку интересен, а никогаш не си го форсираме, штета. Сакам некоја година да ги пратиме Синтезис, Баклава, Архангел, Фолтин, Мизар, Анастасија, не мора да влегуваме, ама душата да ми се наполни Македонското да го акнеме. Инаку за Србија не знам како ви дава душата да речете дека е безпредметен рецитал. Прво и основно има прекрасна порака, дека сите се стремиме да достигнеме некоја надворешна убавина додека пропаѓаме од внатре, дека сите форисраме убав естетски изглед а си го забораваме менталното здравје, критика кон капитализмот што сите не исцица и не раскости, критика кон медиумите зошто се фокусираат на глупости како од типот на каква и е косата на Меган Маркл, а се заборава што таа жена превиде, од расна дискриминација до шејминг оти е разведена (И Констракта е разведена иначе, ќе пишам за неа и за песната немам шаман друг пат), крвта и ја исцицаа во кралското семејство. Фокус на погрешни нешта, на здравствен систем кој најчесто не ги лекува луѓето доколку не се осигурани и дека здравјето е привилегија на богатите. Освен тоа има заразно аплаудирање со раце, преинтересен сценски настап (миење раце никогаш немало), интересен бит, све на се total package спакуван прекрасно во 3 минути. Ова е еден од најдобрите текстови што прошле на Евровизија: Mens infirma in corpore sano Болен ум во здраво тело Animus tristis in corpore sano Тажна душа во здраво тело Mens desperata in corpore sano Очаен ум во здраво тело Mens conterrita in corpore sano Преплашен ум во здраво тело. Ама не чини, преценета, ок