Излегоја сите песни од големата петорка и за првпат пријатно сум изненадена. Обично како петорка не ми се свиѓале баш нивните песни, сега имаат силна селекција.
Андреа треба се' од себе да даде на сцена, да покаже многу емоција и вокално да биде јака бидејќи песната како песна не е ништо посебно. И редно е нешто сценски да покажеме ама со нашиов буџет...
Спотот ко спот не е лош, ама нешто што ме нервира највеќе кај нас е што откако ќе одберат претставник, ко ништо да не во контрола на артистот. Шминката, косата и аутфитите воопшто не се автентични за неа од тоа што досега го имам видено.
Првите две минути од спотов слабо, последната минутка ми се допадна и спотот и промените во песната. Клучно е да имаме одличен сценски настап за да биде запаметена песната и секако вокално да се изведе приближно вака. По коментариве читам дека била underrated, се согласувам, проблемот е што на прво слушање не остава голем впечаток, ама што повеќе ја слушаш тоа повеќе влегува во уво, а и Андреа има специфичен, уникатен глас. Се надевам на влез во финале.
Мразам Евровизија, кринџ е, ама пошто имам слободно време преслушав и имам неколку фаворити. Romania - Llámame Albania - Sekret San Marino - Stripper https://www.youtube.com/watch?v=P-RloZ-Fv38 Ukraine - Stefania И двата мои официјални фаворити после Украина, кои сигурно високо ќе се пласираат: Poland - River Spain - Terra Terra Песна која високо ќе се пласира а ми оди на нерви: Latvia - Eat Your Veggies https://www.youtube.com/watch?v=_nQMRuVwzhY
На Андреа песната не ми се допаѓа баш. Секоја година сум била пристрасна и сум навивала за нашите иако не биле нешто нарочито, но оваа година ќе направам исклучок. Песната е толку 'average' и 'relatable' што дури песната на Васил лани повеќе ми се допадна и покрај тоа што освои низок рејтинг.
Оваа песна е една од песните на шпанскиот избор за песна за евровизија „Бенидорм фест“, но не победи. Шпанија годинава ќе ја претставува Шанел со песната SloMo.
Шпанциве се ретардирани или да? Со Terra Terra ќе победеа! Кој гласаше за ова срање на Chanel, публиката или жирито?
Повели скриншот од гласањето Мене и двете песни ми се допаѓаат, но мислам дека жирито има дадено малце поени на Tanxugueiras во однос на другите песни. Песната си е страшно добра и заслужува многу повеќе. Имено, песната е исполнета со шпанска култура што треба да е и целата поента на евровизија нели? Додека, пак, песната на Chanel ми дава повеќе латино vibes.
Сериозно, нешто им фали. Тоа ми е крајниот заклучок. Песната содржи толку култоролошки елементи, а сепак е Светски изработена што просто треба да си глупав за да не сконташ дека со ваква презентација си во пласман на први три. Шпанциве многу ги сакам, јазикот им го знам солидно, ама ова ме разочара многу. Девојчево што пее океј е, ништо против, ама со Terra Terra не може да се спореди. Постои ли urgent red button или некој интернационален сајт за дописка, да ги отерам у три? Се шалам.
Мене повеќе СлоуМо ми се допаѓа Ама ова лично, за подобар пласман веројатно Тера Тера имаше повеќе потенцијал, иако и оваа песна што ја избраа според мене има нешто во себе, само да згрмат на сцена. Според мене, од досега видените 35 песни, не би бил изненаден доколку победата повторно ја однесе Италија или Холандија, иако мислам дека добри шанси имаат и Грција и Норвешка. Политичката ситуација ми вели дека Украина може да победи исто така.