Зборуваш за Македонци во странство? Затоа што ако живеат во Македонија не може да гласаат за Македонија; забрането е да се гласа за своја држава.
Като, абе не' имаше и нас што си вајбавме на украинската Без рап делот, кај што тој пее, мене ете ми е убаво навистина. Јас бев изненадена што Србија толку малку од жири доби, ама оЌе, публиката си го кажа своето. Кога даваа поени на Азербејџан, и јас бев who? Искрено еднаш им ја слушнав песната и предосадна беше и не се ни сеќавам на неа. Украинци моментално има по цела Европа, сами себе доста си се гласаа, кешки нашиве по цела Европа така за Андреа да гласаа И највеќе ме напнаа новинариве на пресот после, ги утепаа со глупи прашања, поарно за мајка му да прашуваа, они како лично Зеленски пред нив да седи . . . На друга тема, околу сфаќањето на српската песна. За мене ете има многу длабоко значење, може зошто сум личност која к*р ја боли за битни работи од типот на здравата коса на Меган (инсерт слични наслови кои не' трујат постојано, а не' трујат пошто вел, читани се), за некој можеби има друго значење, за трет не знам што може да биде. Ама да, за мене Констракта е победник, пееше на тема за мене ете блиска, нешто што мене ме живцира во секојдневен живот, како и впрочем и сите останати нејзини песни, затоа и фан поштено си станав Оќе е некому да не се допаѓа, не сме сите иста личност, ниту сите имаме исти сфаќања за животот in general.
Па не е логично да можиш да гласаш сам за себе. Така и секој за себе и тие со најмногу луѓе ќе победват редовно.
Значи Евровизија оваа година воопшто не ни требаше да има гласање… Во знак на хуманост веднаш да се дадеше награда на Украина. Ни народот да троши пари за пораки шо ќе одат во џеб на некој трет, ни натпреварувачите да добиваат лажна надеж. Патем, ќе те потсетам дека Исланд беа дисквалификувани ради ширење политичка пропаганда, Украинците не. Западните земји имаат голема селективност кога е во прашање хуманост и хуманитарност, за жал.
Е па радувај се што сите најдобри успеси што ни биле од Евровизија не биле заради нас, туку толку сме им се допаѓале на другите .
Така е, на евровизија никогаш не може да се гласа за својата земја. Инаку не е дека не ни одговара, пак може да гласа цела Европа за нас, не е дека не може.
Ама на никој не би му одговарало така сем на големите. Зато луѓето гласат за омилените. И победват песни шо се сакани од луѓето.
Си ги гласаше народот во Европа, не жирито. А народот не е тој кој одлучува дали некој ќе биде дисквалификуван. И пак ќе кажам политиката на Европа е лицемерна, да не ја носиме темата во тој правец. Конкретно овде народот си го кажа ставот. Преку музиката и песната сакаа да пренесат порака. И Констракта сакаше да пренесе и пренесе.
И мене ми е добра победничката песна. Во ред ми е и да победат од публика поради поддршка за ситуацијата. Друга работа што никој не се истакна како лани Монескин, па да е неправедно. Една од најслабите години на музички план. Шпанија воопшто не ми се допадна, веќе видено.
Сакам да ве исчитам сите, ама 100 страни се собрале. А исто така знам дека ќе има коментари дека политички победила Украина и не сум ич расположена за нив. Еве што имам да кажам за тоа. Луѓето ја изгласаа Украина, не жирито. Ај некоја лоша песна да беше па да мрчевме, ама песната си е супер, како и секоја година од Украина, нема промашај. И лани Италија беше четврта од жири и растури на телевоут, сосема легитимен победник е. Да гласаше жирито интензивно за Украина ќе имаа логика коментарите за политика, ама луѓето ја изгласаа. Не можеш да ги спречиш луѓето да гласаат, било од емпатија, било од хорнинес, било од фактот што државата им е комшија, уатевр. Сите си имаме свои причини зошто гласаме за некоја држава, и не е секогаш бидејќи е музички перфектна, да не се лажеме. Гласаме за шоу, за чувства, за енергија, за впечатоци. И секако дека има милион фактори кои придонесуваат кон целокупниот впечаток за една песна, меѓу кои и политичката ситуација. Се согласувам дека беше подбутната Украина од ситуацијата и затоа им беше помила на луѓето, емпатијата проработи. Е да земам сега да мрчам за тоа, па ми нема никаква логика. Нека им е честито, и ако оваа победа направи барем некој таму барем малку посреќен, it's fine by me. Немам ништо освен позитивни чувства за ова, крај краева забавен фестивал е. И си заслужија. Што се однесува до мене, во изминативе денови фаворит полека ми стана Шведска, а вчера откако го видов настапот на Шпанија, второ место ми стана. Тие ми беа најенџојабл, па за нив и гласав. Топ 10 вака ми беа: 1. Шведска 2. Шпанија 3. Србија 4. Украина 5. Франција 6. Норвешка 7. Романија 8. Финска 9. Молдавија 10. Италија Мене ми беше ептен интересно гледањето, особено кога Шпанија ќе добиеше 12ка. Скокавме и се влечевме по земја. За мене that's kinda the whole point. Се гледаме следната година.
Значи политика е само ако жирито им даваше 12ки, а не е политика ако ја искористиш моменталната ситуација на сопствената држава за да го унапредиш пласманот на меѓународен натпревар, па и да извикаш на крајот од изведбата политички слоган. Ок.
Ако сакаш, можеш да наместиш и гласови од публика.Потешко би се открило отколку гласови од жиријата. Нема цел свет увид во повици и пораки.Потешко би се открило отколку гласовите на жиријата. Мало сутра дека сите луѓе гласале од сожалување.Имаше и такви на кои и покрај емпатијата за невините Украинци, не им се допаднала песната, па за друг гласале. Жално е што не ја гледате вмешаноста на политиката. Хатари и знамето на Палестина.Песната на Џамала. Исландскиот бродкастер доби казна.Џамала ја оставија да пее песна со политичка содржина и победи. А, и двете прекршија евровизиски правила. Калуш по пеењето се изразија политички.Дури и Ахој помисли дека ќе ги дисквалификуваат, ама тоа не се случи. За Констракта... Балканските јазици не ги зборуваат насекаде.А, на ваков фестивал треба да си разбирлив за сите, па да се надеваш на добар помин.Врти-сучи, Англискиот е потребен. Ако не целосно на Англиски, таа можеше да ја направи песната пола на Српски, пола на Англиски.Добро ќе беше да ѝ беше дует со некоја пејачка со подобар вокал. Вака, сори нат сори, и да не беше политиката вмешана во Евровизија ќе немаше шанси за победа.
И друга работа. Ако е војна, не значи дека музиката треба да умре и не постои. Музиката многу често дава кураж, има значење и за оние кои се во жариштето и за оние кои имаат некој во жариштето. Да беше сеедно, на Русија ќе и' беше дозволено да учествува, ама ете, јасно и гласно беше кажано дека нема, и зошто нема. Макар да сме гласале за нив поради солидарност (а сигурна сум дека и такви има доста), пораката беше јасна не само за нив како држава, многу повеќе за општото мислење на рандом луѓето за целата ситуација во која се наоѓа таа држава, кому се упатува поддршка. Политички ќе речев е 100% ако од жирито нафукаа 12ки, ама не беше така. Исто како што Тамара беше прва од гласови од жири, па еве просветлете ме, многу ги заболе по Европа за нашето име па затоа? За жирито, ете, Британците беа најдобри и тоа убедливо, која беше политичката позадина кога па ВБ редовно е на дното?
Се согласувам за делот за гласовите апсолутно. До сега ако не сфативме каква позадинска игра се игра не знам што уште гледаме. За Констракта не си баш во право. Песна, емоција и уметност можеш да забележиш без разлика на јазикот. Супер им беше осмислено со титлот на екранот за да се пренесе пораката ама и без него и без српскиот, самиот сценски настап и ефекти ти пренесуваат емоции, револт, бес. Евровизија треба да забрани пеење песни на друг јазик од официјалниот кој се зборува во државата која ја претставува. Минатата година топ 3 беа песни на друг јазик од англискиот значи дефинитивно рецептот не е пеење на англиски.
Да, повторно по кој знае кој пат на Евровизија победува политиката. Први со честитки за победата се јавија ни помалку ни повеќе туку НАТО, еј НАТО бе И НАТО И ЧЕСТИТАШЕ на Украина за победата Инаку Зеленски после воодушевувањето дека нивната музика ја освојувала Европа , најави дека Евровизија ќе ја организирале во украинскиот град Маиупол, кој е целосно разрушен. Свашта. Точно, кога веќе се дозволува политичка пропаганда, гласањето може да помине многу лесно без никаков проблем.