Украина ќе победи, и јас така мислам. Инаку, СлоуМо е повеќе во латино ритмичен стил, како хитче за слушање на spotify. Додека Terra Terra имаше подлабока симболика и синергија. Грчката ми е исто како за spotify хитче, ништо посебно и спектакуларно. Ама тоа е само мојот субјективен вкус.
Мене ми е ок. Само што мислам дека требало да си ја остават Андреа повеќе своја, некако ми делува многу извештачена. Сега ни останува уште добар сценски настап, зашто гледам дека за добар маркетинг не се замараат, а и тоа треба. Се надевам повторно Мери Рибергер и Тине од Шведска ќе ни го прават сценскиот, затоа што ако оставиме на нашиве, повторно ќе навиваме само во полуфиналето.
Исто... Без разлика што од почеток не ми се свиѓа нејзината песна сепак како наша претставничка каква и да е песната и да не ми е по вкус ќе навивав бар да влеземе во финале, но ова што го слушнав ич не ми се допаѓа. Многу просечна, па дури и испод просек ми е некако песнава, па и пеењето. Не очекувам да влеземе во финале, но ете се надевам грешам.
Се согласувам. Иако, може да изненади, бидејќи според критиките делува како да ќе има солиден пласман. Затоа оставам простор да ме разувери, иако некако не верувам дека ќе биде така. Сепак, ќе видиме. Се е политика...
Ја видов српската со lyrics. Ми се свиѓа текстот особено втора половина. Искрено текстот од слушање не ми беше јасен, може малце дикцијата во одредени делови ми е чудна. Но можам да кажам дека повеќе разбирам за што зборите. Добар концепт, се плашам само дека не е Евровизиски. И секако очекувам дека за жал ништо нема да направи со оглед на политикава последно време. Ама интересен концепт.
За текстот кажаа мислам дека и на Евровизија планираат да оди во позадина на англиски. Мислам дека и така ќе е најдобро и повеќе би се сфатила песната. Доколку нема текст на англиски за на Евровизија ќе им биде промашај според мене. И да, се сложувам, Евровизија на крај е сепак политика...
Симболиката на текстот е дека обичниот човек е преокупиран со здравјето и тоа го прави анксиозен. Делот за автономниот нервен систем беше чист сарказам. Многу јака порака има, и добри поенти. Ама сепак мислам дека ако не се пласира тоа ќе биде само ради политиката.
Да да, јас откако баш како текст прочитав ми е појасна, пошто цели делови од строфи сега гледам не сум ги ни дочула воопшто и некако тотално не сфаќав што е концептот само од слушање. Добра е. А за политика зачудена би била да ја нема на Евровизија
Евровизија е политика ако успееме на неа или ако не успееме? Да си знам што настан следам страствено!
Порано евровизија беше настан на годината,сега веќе не е тоа што беше,но сепак мене ми интересна и на гласањето ќе се изнервирам и се карам со твто.
Оваа година сум највозбудена за Евровизија, што е скроз несекојдневно за мене. Плус има песни кои си ги пикирав у топ 10. Воедно, сфатив дека на никого не му се допаѓа песната на Романија. Некако тажна сум и осамена во изборот.
Жал ми е што годинава не ќе можам да навивам за нашата песМа, ама затоа брача Срби ќе ги бодрам до смрт Цела недела ми е на рипит Уметница мора бити здрава И бебето ми реагира веќе на песнава Е*ате заразата
Мене на Србија не ми се допаѓа, јас сум од оние на кои не им влегува во уво ама на голем дел им се допаѓа и им остава впечаток што значи може немам слух Мене на Сара Јо многу, многу повеќе ми се допаѓаше ама добро. Се надевам ќе влеземе во финале, се најдобро на Андреа иако песната некако не ми се издвојува, да беше на некоја друга земја немаше ни да ја ислушам до крај. Сепак не е толку лоша зависи како ќе испее и како ќе биде прифатена.
Има време за прогнозирање победник, сега е рано. Тоа ќе се знае отприлика тек некаде почетокот на мај како што ќе почнат пробите, затоа што сè зависи од сценските настапи и пакетот кој ќе се пренесе во живо. Сега, има неколку потенцијални победници, иако до сега не добив победнички вајб од ниту една земја како лани од Италија или од Франција на прва (според мене тој момент го имаше Украина со Алина Паш и Shadows Of Forgotten Ancestors ), но сепак ова може да се промени со сценските настапи. Може да победи Шпанија, можеби Италија или Холандија. Полска има добра песна која може да има одличен настап на таа сцена во Торино и може да победи исто така (+ има политички поени моментално). Истото важи и за Украина, ама оваа нивна песна никако не ми е за победа. Не ги исклучувам ни Грција, а ниту Норвешка од можноста за победа. Албанија веројатно ќе згрми таму, ама не верувам дека ќе однесе победа. Србија, или ќе биде топ 10 или bottom 5 , измеѓу тешко, а не верувам ниту дека ќе победи.