Уфф... Романците продолжуваат да ми живеат у срце. И музиката и архитектурата им се.. Без зборови. ги сакам чао
Го повлекувам кажаното, почнав да си ја слушам in corpore sano. А вака кога ќе подразмислам, има шанси да заврши меѓу првите.
Е па не можам а да не читам коментари од Македонци за Евровизија. Прво ме фаќа нервоза од простоќата, после се смеам.
Искрено, Андреа наша е многу потцената годинава меѓу фановите на Евровизија. Колку слични или полоши песни ги рангираат високо и ценат повеќе, не ми се верува...
Реално Украина не ми е ни за во првите 10. Ептен ако не се мести нешто. Норвешка ми е онака некако нај за победа. А убава ми е и на Црна Гора. Од Андреа сум разочаран. Очекував навистина повеќе.
Украина има добар сценски настап и одлична изведба во живо, некако цел пакет ми има. Немаше да победи во „нормално“ време, ќе беше топ 5, ама поради ситуацијата со Украина, многу е возможно да победи. Норвешка не ми е победничка. За мене победнички: Украина (цел пакет има моментално, песна + сценски настап), Албанија (кралица, очекувам бомбастичен настап), Франција, Полска (со подобар стејџинг, ова на нивниот фестивал е лошо), па дури и Австрија ако направат добар сценски настап, вака песната е супер. Од овие во обложувалниците: Италија, Шведска, Англија, многу преценети.
Мелодифестивален беше очај годинава, Корнелија беше единствено нешто што е поокеј да се прати, арно жирито што настапи у игра, публиката изгледа некоја болест ја имаше фатено, некој урок, не и беше арно вчера кој им победи од таму. Песната од Исланд е у ж а с н о досадна, Португалија ништо посебно. Албанија ми е топ, Франција исто, Шпанија ми влезе у уво ама сепак не е ay mama/terra, Констракта е царица и ваљда до Мај ќе ми пројде лутината за да може рајат да си навивам за неа. Црна Гора имаат исто топ песничка. Украина ужас, Италија преценета до бол, UK не можам да ја дослушам, другото све ми е онака. Норвешка и Летонија ми се најнеомилени годинава. А да, Андреа е подобра од пола од пријавените годинава.
Ај да ги споделиме своите фаворити : Црна Гора Естонија Германија Грција Кипар Македонија Албанија Шпанија Норвешка Италија Шведска Холандија Србија Австрија Сан Марино
1. Србија 2. Франција 3. Албанија 4. Црна Гора 5. Шпанија 6. Македонија А која ви е онака guilty pleasure? Онака не ви е јасно зошто, не ја сакате песната, очај е, ама не може да прекинете да ја пеете? Мене оваа Техни техни КОЛОРРРРРррррРррр!!!!