Уште ли сме на последно место според обложувалниците? Ќе ги напишам фаворитите откако ќе ги ислушам сите песни. Годинава некако ич не сум хајпната
1. Албанија 2. Франција 3. Украина 4. Полска 5. Србија 6. Австрија 7. Шпанија 8. Норвешка 9. Италија 10. Романија 11. Шведска 12. Сан Марино 13. Холандија 14. Македонија 15. Ирска
Неколку пати ги преслушав повеќето песни, сеуште немам готова листа со фавороти ама еве некои впечатоци. Дефинитивно годинава навивам за Србија, оригинална, интересна и заразна. Украина никогаш не ми се допаѓа со песните, едноставно не се за мене. Оваа година нешто не ми даваше да ја прекинам песната на пола. Франција е океј, ама not my cup of tea. Италија ми се допаѓа. Можеби сеуште жалам за Soldi на Mahmood во 2019 па затоа. Шпанија исто ми е убава, јас лично редовно би си ја слушала, мада не ми е за победа. Романија влегува некако во уво. Норвешка слатко ме насмеа. Онака за забава е океј. Финска ми се допадна. Австрија ми има убава музика и ми е убава за слушање. И од баладите ми се допадна Полска и Белгија. И Холандија ми има убава мелодија. Македонија нема да ја коментирам и да ја вклучувам бо листата бидејќи секако не можам да бидам баш објективна. Ќе кажам искрено дека очекував повеќе од песната. Ама сепак не мислам дека заслужува речиси последно место. Очекував многу и од сценскиот настап, ама намалив со очекувањата, да не бидам разочарана. Другите кои не ги спомнав не ми оставиле никаков посебен впечаток. Кипар ја пуштив неколку пати, мех. Грција, Шведска, Англија сите overrated.
Сега сме на претпоследно! Нема ни да мрднеме до пробите, прашање е и тогаш дали ќе мрднеме ако не направат добар сценски настап
Секогаш сум скептичен кога се работи за нас. Или ќе пратиме солидна песна и ќе и ги уништиме шансите за успех преку лош стејџинг (како случајот со Јана, Тијана или Даниел); Или ќе направиме одличен настап со лоша песна (Васил 2021). Никако да научиме од другите, ама ок.
Од тие што ги имам досега целосно чуено, Србија ми е омилена. Франција на едно слушање, не ми остави баш впечаток. Шпанија секоја чест за сценскиот настап, ама не мислам дека ќе котира високо. Италија е предосадна. Кипар ми е на второ место, ама не мислам дека е вредна за победа. За нас, и да имаме некој скромно солиден настап, не се надевам на финале. Иако е нејзина песна, мислам дека Андреа не е вокално способна за истата да ја изведе добро во живо. Кога ќе споредам со лани, Васил ем има глас, ем настапот воопшто не беше лош за песната. Guilty pleasure ми е La La Love, од Ivi Adamou, Кипар 2012. Неguilty pleasure, zalagasper, како единствени изведувачи што ги слушам редовно и после евровизија.
Малта ќе има нова песна. Кога веќе може вака, оти Андреа не избере нова? Некоја како Talk to me, I don't know your name или I know.. Уствари скоро сите други и се подобри од Circles.
Нема време мислам. А и не се толку ангажирани нашиве. Сега веќе и спот снимија, нема смисла Битно ќе ја видат Италија фор фри де
Фаворити: Сан Марино, Украина, Чешка, Ирска, Словенија, Хрватска. Ама ги немам слушнато сите останати.
На Малта новата песна (неофицијално) и е полоша од старата Ајде ќе се тешиме дека ако избереа нова може полоша од Circles ќе беше.
Само Србија засега ми е фаворит. И Грција ми се допадна во споредба со останатите. Годинава навистина нешто не ми се свиѓаат песните. *колку ја испофалив песната на Србија, се осеќам ко бумер што тажи по Тито и Југославија*