Србија имаше еден од подобрите национални избори годинава. Шпанија, Украина и Србија имаа по 3 добри песни што заслужуваат да одат на Евровизија. Мене, иако Сара Јо ми беше фаворит (и сметам дека имаше шанси за Топ 3 или победа), Констракта многу ми се допаѓа, носи нешто сосема ново на Евровизија а тоа е стварно тешко да се направи, пошто на Евровизија имаме видено се'. Тажен бев кога не победи Сара, ама веќе наредниот ден супер ми беше Констракта, кога ми помина тагата
Најверојатно.Колку што читав коментари ни они не си ја сакаат песната. Дури некаде некој имаше напишано дека Марија Шерифович би извршила самоубиство
Kако не си ја сакаат песната кога Констракта доби повеќе гласови од публика отколку гласовите на Сара и Зорја заедно? Можеби не си ја сакаат песната тие што не сакаат ни Евровизија.
На Марија ѝ е криво што годинава ќе си седи дома, ништо повеќе. Ептен се занесува ко за некој што победил пред 20 години.
Марија скоро секоја година е вмешана во изборот и оди со претставникот по Евровизија ко ментор. Годинава ко што знам со Сара и останативе соработуваше, сега кога е поразена дава изјави дека ќе се убивала.
Грев гревосан. И мене не ми е мило Сара што не иде, ама најфер си победи Констракта. Нема зошто да се хејта жената. А инаку не знам колку пратите социјални мрежи, Сара одвратен slut shaming трпи. Го растргнаа девојчето, курва била, проста што се соблекувала, за кур изгорена, не знам што све не испрочитав. Балканскиве сељаци и сељанки никогаш нема да прифатат дека има убави и атрактивни девојки кои се талентирани и знаат шоу да направат. Одвратни коментари и оставаат, ми иде да ги задавам сите од прв до последен. Сељацине може само да сонуваат за девојка како неа.
Мене фаворит ми е Србија. Слушнав уште неколку песни, ама јас ќе чекам да ги гледам за прв пат во полуфиналните вечери и во финалето и тогаш ќе си бирам кои други ми се свиѓаат. Ама Констракта од прво место н и к о ј не може да ми ја спушти. Андреа кога ја избраа имав многу позитивен став... додека не ја слушнав во живо. Уште ја има мојата поддршка секако, не плукам по неа, ама ова е преголем залак за неа. Тремата ќе ја уништи. И откако го изгледав спотот... не знам, секоја година делуваме преефтино, предосадно, непретставително... за жал. Ама да се надеваме на најдобро.
Да најдам и други ќе постирам ама веќе си читала изгледа дека доста знаеш. Али овие ми беа сочувани како фаворити коментариве и сликата
@KateKane, страв им е од помислата дека постои жена што не се плаши јавно да удри по маж онаму кај што највеќе боли. Нека ѝ се фатат. Јас не ѝ ја слушам музиката, ама ја почитувам. Пред некои 10 години ја имаше во Браво и имаше кажано нешто што ми се допадна, па си го залепив постерот со неа во соба. А да, и песната на Моје Три ми е guilty pleasure. Искрено не знам зошто толкав хејт имаше тогаш. @Dashing:), мене ова не ми делува на хејт. Едноставно fun е. И мене другарките кога ми се жалат деновиве им враќам со уметница мора бити здрава. Видеото на Лошми Панда е исто пресмешно.
Мој фаворит е и Италија, меѓу другите. Песната е ремек дело и двајцата, а посебно помладиот дечко ја изведува страшно добро и емотивно. Преубав, ретко убав глас. Ма да се плашам дека е ова општо земено лоша година и песни како српската и италијанската иако се чиста уметност, можеби нема да поминат убаво. Се надевам дека грешам. Меѓу другото ми излезе на јутјуб и некој евтин кавер на италијанската победничка песна, од Сара Јо. Очајно ловење симпатии и поени, прво. И друго, јас не коментирам убавина или степен на облеченост, туку чисто како појава и однос: на толку спамирање и со недели и месеци тупење на секој можен медиум, тв емисија, социјална мрежа, влегување демек јас победувам готово - многу ми е мило што победи некој толку effortlessly. Чист пример дека trying too hard не вреди ни 5 пари кога нешто е толку оригинално и комплетно како на Констракта целиот концепт (цел Триптих е генијален). А Сара е буквално обратното - жената освен што од петни жили се труди да биде перцепирана како секс симбол, на тема талент и идеја е ништо посебно.
Океј, ги слушнав сите што се ставени на плејлистата на Спотифај и променив малку мислење за некои песни. Најпрво, Франција хитнува поразлично на слушалки, не ми е омилена, ама не е воопшто лоша. Италија, исто така ми се допаѓа, само што премногу звучи на песна од Post Malone. Албанија искрено не ми се допадна. Некако ту мач ми е. Црна Гора и Шведска вокално најјаки? И двете песни ми се допаѓаат. Грција исто така добра. И мислам дека некој наназад кажа Исланд е предосадна? Мене таа па и највеќе да ми остави впечаток. Ми се допаѓа вајбот, иако не е баш евровизиска, се сложувам. Молдавија, ала Тозовац. Уште пее folk and rock and roll... Bitch, where? И Англија секоја година тоа па тоа...
Мене фаворит ми е Србија,според мене Србија има најдобри песни и на евровизија и на детска евровизија.И исто така се надевам дека групата што беше од темата за детска евровизија ќе се појави до мај,и исто така и за евровизија да имаме забава.
На едно интервју ја прашаа Констракта за сценските настапи, демек дека победила со многу помалку фама и пари потрошено на настапот од Сара. Таа одговори дека не треба да се споредуваат воопшто двата настапи и беше као „Сара Јо е една и единствена, треба да си ја чуваме“ што ми е ептен wholesome, златна е женава, не е само уникатна уметница туку и скромна, приземна и со поддршка за други жени Иначе ги ислушав сите објавени песни досега и само Франција ми остави прејак впечаток покрај Србија, ми дава мистичен етно-електро вајб како на Go_A и Норвежаните Keiino во 2019, и тоа на локален јазик пеат (бретонски). Плус и Алван е преубав Украина е исто во тој модернизиран етно фазон, има и доста емотивни стихови кои резонираат со сегашната ситуација, очекувам да ја освојат публиката. Корнелија од Шведска ми е overrated искрено, читам коментари дека била најдобра нивна песна после Euphoria и дека се разликува од сите generic поп песни што ги праќале, јас стварно не ја гледам разликата, добра е ама типична поп балада Италија симпатични ми беа кога ги видов првпат на Санремо ама сеа ми избледеа некако, посебно мех изгледаат после Монескин. А пресмешно ми падна што претставников на Сан Марино годинава личи како плав Дамиано за сиромашни Норвешка ми е од оние guilty pleasure трол песни, а Полска и Грција најмногу ми се допаднаа од баладите. И Португалија и Исланд исто ми се убави, иако сфаќам дека може да им се досадни на повеќето.
Па така е, сите фаворити што беа си се поддржаа меѓу себе. Зорја наредниот ден на сториња вајбаше на in corpore sano, Сара јавно и честиташе и се заблагодари на сите фанови, еден лош збор не рече. А Констракта исто, двете ги пофали, па дури и не врати на навредите на сељакон Лукас. Сите три си постапија одлично, гомна јадеа само сељаци како Лукас кој уште не е освестен дека ова е 2022 и дека неговиот сељачки турбофолк е само кога сакам да убијам боговог бога у себе во некоја замрсена биртија. На Евровизија не. И сите што им коментираа се од тој калибар, закрепостени сељаци што се уплашени од моќни жени. Еднава гол газ имала (WOW!), другава била чудак што миел раце (абер немаат што значи неконвенционален пристап на песна), абе дури смеа ме фаќа колку се загрев. Не успеаа да ги скараат, не им подлегнаа на ниту една провокација. Сите три си честитаа меѓусебе и треба навистина да се горди што годинава им го подигнаа стандардот на Србиве класи погоре. Речиси пола од националниве избори ги изгледав, најдобри беа. Најблиску беа Шпанците кои се изглупираа максимално, затоа што 2 и 3 место им беа песни апла спремни за победа.
Аца Лукас нели кажал дека можеби да миел нозе на сцена би победил, а Констракта врати на тоа дека боље би било ако она му ги мие.
Констракта ми е сега за сега една единствена и неприкосновена. И ги хакнале профилите на инстаграм и фб денес… Исто и песната на Италија ми се свиѓа.
Констракта фаворит дефинитивно. Осеќам ќе ја побудалат женава до мај, јас само и посакувам да издржи. Премногу е интелегентна за тукашниов менталитет и делува маце како неснајдено што искрено жал ми паѓа колку сме за нигде со сфаќањата, ама тоа е што е. Дај боже да победи, да се заќутат малце. А и ако победи ќе испливаат на површина и други поквалитетни артисти од балканов, што би било супер. А за Андреа, добар вокал е и посакувам среќа, но неискусна за Евровизија и песната е просек ништо посебно.