Ми прај ќеиф Констракта што победи, не само што песната е генијална, цел Триптих е генијален, туку и што покрај тоа што песните и се полни сатира, метафори, башка и се многу певливи и забавни. Јас женава не знаев дека постои, сега сум мислам заразена со многу од нејзината работа со бендот, а се надевам и понатаму ќе прави доста соло проекти. Мене ми е уживање, цел Триптих ми е на рипит, и уште не знам која е тајната за здрава коса на Меган ПС. Прв пат после милион години ќе гласам на Евросонг
И јас ја доживувам слично како тебе, со тоа што за здр. систем си во право, а исто е и тука. ретко кој уметник има свое здравствено, освен ако не се вработени некаде. Но како уметници не е баш добро регулирано, голем дел се под АВРМ како невработени, евентуално користат од сопруг/сопруга. Единствена опција друга им е доброволно (приватно) осигурување. Како и да е, поентата е како се третираат уметниците во едно (во случајов српското) општество. И вториот дел е со срце само куца Брои чекори со кучето, т.е. користи педометар, битно да се таман чекорите, срцето само чука, а за физичкиот изглед (пешачењето) мора да се потруди сама. Јер уметница мора бити здрава
Засега од неколку слушања: Литванија Украина Финска Македонија Естонија Шпанија Англија Типувам дека Украина може да победи а и доста забавна е песната. Литванија баш е мистична. Најдобриот коментар што го прочитав: ''This song feels like a dimly lit room, a good book and a nice glass of wine". Нема да се жалам ако победи. Финска солиден рок како секогаш. Естонија, Англија и Шпанија, океј песни. За нашата, имаме потенцијал барем во финале да влеземе, само добар настап ни треба. Спојлер Албанија божем Ruslana исто како и изведувачот на Сан Марино; Дамиано стил но некако не е тоа тоа. Италија, не дека е лоша песната но дефинитивно Soldi беше подобра композиција. Норвешка, интересна песна но лош настап. Песната од Полска во некои делови ме потсеќа на Arcade, но бледа копија. Останатите, ништо посебно.
Па затоа колку што сфатив планираат титловано да биде? Марија и Молитва ич не ја разбраа па победи, Жељко и Лане мислам втори завршија, не е страшно
^ Да се прашвам јас, секој ќе си пее на мајчин јазик, а во позадина ќе оди текстот на англиски. Ама не се прашвам.
Се согласувам. Во најмала рака ги знаеме песните со време, па и со време можеме лирикс и превод да прочитаме
Ова “А”-во со caps, демек правописно неточно? Сексапил е збор кој потекнува од англискиот јазик- sex appeal. СексИпил, или која и друга буква што ти би ја ставила на местото на А, е погрешно. Не ми е јасен цинизмот во коментарот, ама ај, мала едукација
Сите песни се ужас оваа година, Констракта ми е најдобра, иако не сакам таков стил. Ама покрај целиот шит што е понуден Констракта заслужува прво место.
Нашата песна ни на Спотифај ја нема, со тоа ја нема ни на официјалната плејлиста креирана од Спотифај која има скоро 500 илјади фолоуерс. Ни за bare minimum не се трудиме.