Има живеено во Америка ко помала едно време, нели има кажано. Се знам лично со Андреа, не многу ама се знам.Девојчето е срцка, и топ пее.За спотот не коментирам, ни за аутфитот пошто не ми се сфиѓаат ич.Приземна е многу, не е напувана ич.Имам седено неколку пати со нејзе , од тоа седење толку заклучив. Најдобро да ја пуштат сама да си се облече, и така да искочи. Ваљда под сценски настап мисли на шоу некое, пошто како што знам Circles е напишана врз основа на нешто што и` се случило? поправете ме ако грешам, на најпрвото видео мислам го кажа тоа се гледа дека со душа пее, што како зашто не знам.Ама се соживува со песните
5 минути го имам паузирано видеово, страв ми е да почнам да случам. Последен пат ме поједе туџа срамота и сеа не можам.
Ајде ислушај го, ме интересираат туѓи мислења. Оти претходно кога ја слушав полошо звучеше, сега мене ми се чини добро
Да, подобро е. Ме исплаши кога го започна првпат рефренот пошто го започна ептен лошо ама се поправи и после кога го пееше пак рефренот беше подобро. Однесувањето на сцена и е подобро ама може боље. Треба уште повеќе да ја форсираат вака да настапува пошто да, се подобрува.
Ух, а видете го интервјуво, со каква харизма и позитивна енергија зрачи и чери он топ, многу убаво се изразува и искрени одговори дава.